30.04.2024

Една насмевка по една. М Кеш, од срце и со љубов.

news article image

Колку малку е потребно за да се измами една детска насмевка? 

За нас, одговорот е - сè од срце.

Нашата компанија М Кеш продолжува да го слави својот 9ти роденден и да ги прославува нашите мали победи каде вработените во М Кеш ги отворија своите срцa со организирање на хуманитарна акција за најмладите од Детска Онкологија со која секој од вработените се покажа како вистински херој. ​

Вработените на М Кеш се обединија за најмладите и преку хуманитарна иницијатива, дарувавме за најчистите и најневините насмевки. Со секој допир на љубов, ние се трудиме да ги наполниме животите со радост на оние на кои им е најпотребно.

За нас, секое дете е свет и секоја насмевка е бесценета.

Детската среќа е најважна и затоа посакавме и се потрудивме барем малку да бидеме извор на радост и поддршка за децата во моментите на нивна борба. Ние веруваме дека во малите дела се крие сила за големи промени. 

Горди сме што негуваме култура на солидарност и љубов во нашата компанија. Ве повикуваме и Вие да ни се придружите на свој начин и да се обидеме заеднички да го направиме светот подобар.

Една насмевка по една. М Кеш, од срце и со љубов.

Ask a question Постави прашање