Фазите во изградбата на финансиска култура кај децата според нивната возраст
Кои се најважните вештини и навики според возраста на децата, како се гради потребната финансиска култура за време на растењето на децата?
Темата за парите е табу тема во многу семејства. Покрај динамиката во времето и обврските сепак треба да се посвети време за градење на една идна финансиски стабилна личност, бидејќи родителството е одговорност и упорност.
Многу ретко има родител кој се родил научен - да знае да предвидува и да може да ги решава сите предизвици во односите со своите деца.
Ако финансиска култура не се развива и надградува во детството со многу љубов, разговори и разбирање, многу често детето кога ќе порасне и во чести случаи на трауматизиран начин ќе се соочува со различните ситуации како што се - неможноста да го покрие земениот кредит, до неплатените сметки од неправилно составен буџет, до емоционални трошоци и нивни последици.
Своите први часови по финансиска писменост децата ги добиваат во семејната околина. Наша обврска и одговорност е тоа да се направи низ игра и на забавен начин.
Финансиската култура е обврска и на двајцата родители. Изградбата на финансиската култура е внатрешен семеен законик.
Некои деца имаат корист од повеќето "финансиски коридори ", како и од чувството на вина на едниот или другиот родител. Добивањето пари од сите и за се што ќе посака, може да развие силни потрошувачки карактеристики во сеуште неизградената личност.
Почетокот на финансиското воспитување започнува од првото "сакам " и "купи ми го ". Од тука започнува нашиот финансиски маратон со нашите деца. Основата која ја градиме денес, ќе им помогне правилно да ги прават своите избори, да препознаваат различни трикови на финансискиот свет, да се справи соодветно со "рекламните тушеви ", со кои сме бомбардирани секојдневно.
Често родителите се бомбардирани од лавина од многу прашања "зошто " во потрага по вистинскиот одговор. И многу важно е овие прашања да се одговараат одговорно од родителот, за да нема расправии и викотници во продавниците кога одиме на шопинг.
Кога детето добило сè што му било потребно, додека билo бебе, тоа за него е премногу стресно, кога почнува да ја согледува реалноста околу себе самостојно и кога ќе разбере дека не може да ги има сите нешта. Купувањето треба да произлегува не од позиција на дефицитот, туку како резултат на планираните потреби.
Важно е да им помагаме на децата да создадат одредени вештини и навики во различните периоди на своето растење.
Особено одлучувачка е возраста помеѓу 5 и 6 години. Знаењата пренесени во овие години ќе му бидат основата за цел живот.
А кои се главните задачи за изградба на навики кај децата на таа возраст:
• Да го научиме детето да разбере што се парите, од каде се појавиле и зошто се потребни;
• Да може да ги разликува парите по нивниот номинален износ;
• Да разбере дека парите се резултат на вложениот труд;
• Да прави разлика помеѓу емоционални и неопходни потреби;
• Да почне да ги собира своите први пари за своите потреби;
Возраста од 7 до 9 години се карактеризира со први чекори на самостојно ракување со парите. Тука се први џепарлак, први решенија и вештини кои треба да ги прави и да ги стекне.
Како се градат навиките на оваа возраст:
• Децата треба да се здобијат со вештини да купуваат;
• Правилно да ги проценува "разумните " купувања;
• Да може да ги споредува цените;
• Да ги препознава рекламните трикови;
• Да може да си постави финансиски цели и да ги извршува;
Возраст 10 - 12 години
Тоа е возраст "зона на конфликти ". Почнува комуникација помеѓу родителите и изградба на млад човек кој ќе има сигурно желби и стремежи, кои ќе бидат чудни на семејството. Тука родителот требало да пристапи со апсолутно почитување на личноста до себе! Децата имаат право на избор, и тој може да е различен од оној на родителот.
Изградба на навика во оваа возраст:
• Да планира личен буџет;
• Да заштедува;
• Да се запознае со можностите за кредитирање;
• Да научат што е инфлација и како се одразува на буџетот;
Возраст 13 - 15 години
На оваа возраст треба да бидеме трпеливи и да им помагаме на децата да учат од своите грешки.
Изградба на навика на детето на оваа возраст:
• Да бара можности за лични примања и начините како може тоа да се случи;
• Да се запознае со месечните обврски во семејството и како се исплаќаат;
• Кои ризици и можности има за лични примања;
• Да има лично, изградено финансиско однесување;
• Бизнис планирање;
• Запознавање со различните инвестициски инструменти;
• Разумно и безбедно користење на кредити;
М Кеш е секогаш во пресрет со корисни информации за кредитирањето и како да ја подобрите финансиската култура. Важно е сепак да бидеш одговорен кон своите деца и од рана возраст да почнеш со градењето на нивната финансиска култура.