ФД М Кеш Македонија – Партнер во Грижата за Младите со Дијабетес: ДИА КАМП 2024
Со голема чест и посветеност, ФД М Кеш Македонија, како општествено одговорна компанија, го поддржа Сојузот на здруженија на дијабетичари на Северна Македонија (СЗДСМ) во организацијата на ДИА КАМП 2024 – едукативен камп кој се одржа од 20 до 23 септември во прекрасниот Еко камп на Велешко Езеро. Овој камп имаше за цел да ги едуцира, охрабри и инспирира децата и младите со дијабетес тип 1.
Под мотото „Сè за нас, со нас!“, учесниците имаа можност да се вклучат во разновидни активности – од креативни игри и физички вежби до едукативни сесии водени од врвни експерти. Акцентот беше ставен на промоција на здравата исхрана и важноста на правилното менаџирање на дијабетесот, при што се создаде сигурна и поддржувачка атмосфера за сите учесници.
Со оваа иницијатива, ФД М Кеш Македонија повторно ја потврди својата заложба за поддршка на заедницата и грижа за здравјето на идните генерации, помагајќи им на младите да се справат со предизвиците на животот со дијабетес.