08.07.2025

Гест на грижа и човечност за повозрасните во Прилеп

news article image

Во рамки на општествено одговорната програма „Од срце за срце“, тимот на М Кеш Македонија реализираше уште една хуманитарна акција, овојпат во Домот за стари лица во Прилеп. Со отворено срце и искрена намера, подготвивме донација со која посакуваме да внесеме малку олеснување, внимание и топлина во секојдневието на нашите повозрасни сограѓани.

Акцијата беше насочена кон обезбедување на основни прехранбени продукти, како поддршка за резидентите на домот – луѓе кои зад себе имаат живот исполнет со труд, љубов и искуства, а денес имаат потреба од наша грижа и внимание.

На овој начин сакавме да покажеме дека повозрасните не се заборавени. Нашата цел беше не само да помогнеме со неопходни производи, туку и да испратиме јасен сигнал дека вниманието, почитта и човечноста не смеат да изостанат, особено кога се работи за оние кои дале многу за ова општество.

Во атмосфера на топлина и благодарност, нашите вработени ги доставија пакетите лично – со насмевка, со збор на охрабрување и со чувство на вистинска поврзаност. Беа тоа моменти во кои хуманоста добива лице, а компанијата станува глас на грижа што се чувствува.

Оваа активност не е изолиран чин – туку дел од континуираната заложба на М Кеш да придонесува за подобра и поправедна заедница. Затоа и во иднина ќе продолжиме со социјална чувствителност, со искрен однос и со посветеност на вредностите што нè дефинираат.

Ask a question Постави прашање