01.07.2025

Горан З. – добитник на 100.000 денари во големата наградна игра „10 години М КЕШ – 10 награди за 10 среќни добитници!”

news article image

Во животот има моменти што изгледаат како случајност, но всушност се магичен спој на вистинскиот миг и вистинските луѓе. За Горан , токму таков момент беше 2 јуни – денот кога беше извлечен како добитник на парична награда од 100.000 денари во рамки на јубилејната кампања „10 години М КЕШ – 10 награди за 10 среќни добитници“.

Она што оваа награда ја направи уште посебна е фактот што токму тој ден Горан го прославуваше својот роденден. Среќна коинциденција или подарок од универзумот – важно е што радоста стигна во вистинско време.

По повод добиената награда, Горан ни дојде на посета во нашите простории во М КЕШ, каде во свечена и топла атмосфера му беше врачена симболичната потврда – голем чек со износ од 100.000 денари, лично од Станислав Башов, Генерален директор на М КЕШ и Бјанка Катру, Заменик генерален директор на М КЕШ. А како што и прилега на роденден, доби сет подароци од М КЕШ и многу насмевки – затоа што радоста е најубава кога е споделена.

„Искрено, не очекував. Бев изненаден и пресреќен! Ни на крај памет дека ќе добијам награда, а уште помалку – дека ќе ја добијам баш на мојот роденден. Тоа беше вистинско изненадување, убав – момент што ќе го паметам засекогаш.
За М КЕШ слушнав од луѓе околу мене, клиенти што веќе имаа позитивно искуство. Сега и сам можам да потврдам – сè е брзо, јасно и лесно. Навистина сум задоволен од начинот на кој се однесуваат со клиентите – со почит, внимание и без непотребни компликации.
Од сега, М КЕШ е мојот прв и единствен избор. Секако дека би ги препорачал и на моите пријатели,“ – ни рече Горан, со насмевка што зборува повеќе од зборови.

Овој момент за нас не е само доделување награда – туку потврда дека кога ќе вложиш доверба, искреност и грижа за клиентите, ќе добиеш нешто многу повредно – нивната благодарност и насмевка.

М КЕШ продолжува да изненадува – веќе во тек е летната наградна игра во која доделуваме е-велосипеди, а до крајот на летото следуваат уште многу возбудливи изненадувања.

Затоа следете нè, аплицирајте за кредит и можеби токму вие ќе бидете следниот среќен добитник на некоја од вредните награди што М КЕШ ги спреми за своите клиенти

М КЕШ – 10 години доверба, поддршка и моменти што се паметат.

 

Ask a question Постави прашање