Изненадувања и подароци за првиот училишен ден за децата на вработените во М Кеш
Како социјална компанија и одговорен работодавач, за М Кеш главниот фокус во развојот на бизнисот е поддршката на заедницата. Грижата за вработените е нераскинлив дел од корпоративната култура на компанијата која е на македонскиот пазар повеќе од 7 години.
По тој повод Одделот за Човечки ресурси годинава за првиот училишен ден ги изненади децата- ученици на своите вработени, подготвувајќи им сетови со училишен прибор и училишни ранци, со цел да ги израдува децата и да им помогне на родителите да го комплетираат потребниот прибор.
Децата се нашето најголемо богатство и должни сме да дадеме сè од себе, за да им обезбедиме подобар свет, и додека растат да ги уживаат своите права и да имаат безгрижно детство.
На сите ученици и родители им посакуваме лесен и успешен старт на учебната година.