12.11.2024

Како да ги контролирате трошоците

news article image

Како да ги контролирате трошоците за време на сезонските намалувања?

На границата меѓу две годишни времиња почнуваат големите сезонски попусти, а со тоа започнуваат и придвижувањата по продавниците. Вистински момент по симболична цена да купите сè што Ви се допаднало на почетокот од сезоната, но било прескапо за Вашиот буџет.

Сепак, најчесто овие попусти се еден вид на замка, затоа што намалените цени ни даваат чувство дека штедиме, а всушност трошиме многу повеќе од планираното и купуваме работи кои не секогаш се по наш вкус, а делуваат „примамливо“.

Знаеме дека секој од нас помалку или повеќе, ужива во купување на омилените работи, но треба да знаеме и како да го контролираме нашиот буџет. Затоа, решивме да споделиме неколку совети со Вас, да го искористите максимумот од сезонските попусти, а воедно и да го задржите Вашиот буџет под контрола.

Планирајте однапред колку пари ќе потрошите

Најважниот аспект е планирањето на буџетот. Лесно е да се навлечете на примамливите попусти и да потрошите повеќе од планираното. Затоа, откако ќе направите список на тоа што Ви е потребно, поставете максимален износ што сте подготвени да го потрошите. Држете се до тој буџет и избегнувајте импулсивни купувања.

Одлучете колку пари Ви се потребни

Направете истражување пред да се „препуштите” на купување, подгответе листа на производи кои Ви се потребни и одредете ги приоритетите што точно барате. Оваа стратегија ќе Ви заштеди и време и пари.

Следете ги цените онлајн

Пред да тргнете кон продавниците или да кликнете „купи“ во онлајн продавниците, посетете ги веб-страните на брендовите што ги сакате и проверете ги цените на производите кои планирате да ги купите.

Наполнете ја виртуелната кошничка со саканите производи, но не ја завршувајте нарачката веднаш. Следете ги цените во наредните денови – ако има намалување, тоа ќе се одрази на крајната сума. Ова ќе Ви помогне да знаете дали попустот навистина е поволен или само изгледа така. Споредете ги цените и видете што Ви е најисплатливо.

Купувајте во продавници

Откако ќе ги проверите цените, посетете ја физички продавницата и пробајте ја облеката или уредот кој го сакате. Честопати, очекувањата се разликуваат од реалноста, па е добро да се уверите во квалитетот пред да ги потрошите парите што сте ги издвоиле.

Проверете го плакарот пред да купувате ново

Пред да купите нова облека, проверете дали слични такви парчиња  веќе поседувате. Така, нема да завршите со два идентични фустани, туку ќе ги искористите финансиите за нешто навистина ново и корисно.

Сепак, ако Ви фати око нешто што не било на списокот, а Ви носи големо задоволство, не го игнорирајте. Доколку Ви требаат дополнителни финансии, секогаш можете да искористите некоја од понудите на M КЕШ за брзо и едноставно финансирање на Вашите купувања.

Ask a question Постави прашање