Како да ги поминеме финансиски празниците?
Празниците заедно со сите пријатни емоции ги ставаат на испит семејните финансии.Искушенијата (мали и големи) се насекаде околу нас, сакаме да бидеме дарежливи, да се опуштиме и забавуваме. Во тоа нема ништо лошо, се додека е во согласност нашите финансиските можности. Еве неколку совети како да пристапите со разум кон празничните трошоци.
Разгледајте го повторно финансискиот буџет!
Сигурно повеќето од вас имаат идеја колку можат да си дозволат да потрошат за време на празниците. Оние кои се организирани веќе ги предвиделе трошоците за подароци, патувања, украси, празнични вечери. Другите едноставно одлучиле да го потрошат максимумот за празниците. Но често, кога "ќе повлечеме линија " по празниците се испоставува дека сме потрошиле доста повеќе од предвиденото.
Затоа ве советуваме да го водите вашиот буџет повторно во две насоки. На прво место, проценете дали навистина може да си дозволите да ги потрошите овие средства, особено земајќи ги во предвид и трошоците во наредните зимски месеци. На второ место - размислете дали навистина сте ги вклучиле сите можни трошоци кои можат да имаат големо влијание на вашиот буџет.
Предвидете доволно средства за "вонредните трошоци "!
Забави, вечери со пријателите, кои се вратиле од странство за празниците, кино и други забава со децата - овие прекрасни искуства разбирливо се зголемуваат за време на празниците. Но, како и со сите убави нешта, и тие имаат "цена ". Уште повеќе, трошоците не се само непосредни, како на пример, да се плати сметката во ресторан, да купите билети. Има и еден куп споредни трошоци - кон киното одат сок и пуканки, за забавата е добро да сте со фризура и нов тоалета, а такси-превозот е исто така трошок. Затоа ве советуваме да си определите реална сума која ќе ви биде наменета за непосредни трошоци. Доколку се прашувате како да ги обезбедите овие дополнителни средства, пробајте да ги ревидирате трошоците за другите трошоци од празничниот буџет.
Заштедете од трошоците за храна, подароци, украси!
Замислете како ви го топли срцето и ви предизвикува насмевка - трпеза со разновидна храна или смеа и разговорисо блиските ви луѓе? Традиционално, Македонците ја полнат трпезата со храна , доволно да се нахрани мала армија. Но позначајно е однапред да направите реална сметка за потребното количество, па не само што ќе заштедите пари, но и "нема да се прашувате " што да правите со остатоците. А и ќе ви остане време да уживате во моментите.
Често даван совет е дека не треба подароците да се скапи, туку да изразуваат личен однос. Секогаш може да се договорите со членовите на вашето семејство за тоа дали ќе си разменувате подароци и колку да чинат истите. Но, што да правите ако сакате да го подарите подарок на познаници, со кои не е погодно да ја коментирате темата околу цената? Една од можностите е да направите прекрасно декорирани кошници со слатки, по можност домaприготвени. А зошто да не подарите и "био " производи кои нема да ве чинат ништо?Земете неколку тегли, ставете убави етикети на кој ќе ја опишете каква е содржината, од каде е и како е приготвено. Секако, од оваа кошница со слатки ќе има повеќе вредност отколку од уште една вазна, на пример.
Божиќнот украсување може да се претвори во семејна забава. Постојат многу украси, кои може да ги изработите заедно со децата. Придобивките се многубројни - забава за децата, зголемена креативност и заштедени пари.
Внимателно со намалувањата!
Примамливи понуди за новогодишни попусти има насекаде. Звучи одлично - може да купите профитабилно толку многу нешта. Но размислете дали навистина сè што сакате, ви е потребно и дали конечно нема да потрошите многу повеќе од планираното. Сепак три пара чевли со намалувањето од 60% ви излегуваат 6000 денари., А вие сакавте да потрошите не повеќе од 3000 денари , Нели :)
И конечно, да не заборавиме дека Божиќните празници значат љубов, насмевки, време за најблиските - сите нешта кои не се купуваат со пари.