18.09.2019

Како да пронајдете повеќе време во текот на денот и како да извлечете максимум од вашиот работен ден?

news article image

Дали некогаш сте посакале денот да трае барем уште неколку часови повеќе? Сигурно сте се соочиле со фрустрацијата да балансирате различни проекти и обврски, а да ви недостигаат само уште еден или два часа за да ги комплетирате.

Прекинете со микроменаџирање.

Да се откажете од потребата да се направи сè како што би сакале, или да останете на состанокот за да ги потсетите вработените да извршат едноставни задачи, ќе ви врати 5 до 10 минути на час. Треба да им верувате на луѓето кои ги вработувате.

Исклучете ги телефонските известувања.

Само еден звук од вашиот мобилен телефон е доволен да ве одвлече од вашата задача. Затоа, намалете ги известувањата, нотификациите и е-поштата. Поставете си одредени часови од денот во кои ќе одговарате на пораките и повиците. Повеќето работи немаат толкава важност за веднаш да реагирате.

Научете да препознаете кога ви е потребна пауза.

За многу луѓе, најпродуктивното време е наутро кога се полни со енергија. Но, после неколку часа, времето станува се помалку продуктивно. Откако ќе ја достигнете точката кога напредокот е бавен или вашиот ум почнува да талка, земете пауза од 30 минути. Кога ќе се вратите, повторно ќе бидете подготвени да го искористите квалитетно вашето време.

Да се откажете од потребата да се направи сè како што би сакале, или да останете на состанокот за да ги потсетите вработените да извршат едноставни задачи, ќе ви врати 5 до 10 минути на час. Треба да им верувате на луѓето кои ги вработувате.

Дајте си 10 секунди за да донесете одлука.

Одбројувањето од 10 секунди може чудно да ви помогне да бидете попродуктивни. Дадете си 10 секунди да одлучите на што треба да дадете приоритет. Изберете задача и се справете се со неа. Потоа повторете го процесот. Овој процес ќе ви овозможи да не ги премислувате работите и да ја имате контролата над вашата листа со задачи.

Разбудете се во 5 часот наутро, два пати неделно.

Доколку сакате да одвоите време за вашата фамилија, а сепак не сакате да заостанувате со работата, ефективна тактика може да биде будењето порано неколку пати неделно. Можноста да добиете уште еден или два дополнителни часови, за да завршите мали задачи или да се реорганизирате, ќе ви ослододи повеќе време да се фокусирате на големите работи во текот на работното време.

Ask a question Постави прашање