21.03.2017

Како да управуваш со своите финансии со помош на висинскиот буџет? /дел 2/

news article image

Откако веќе го избра вистинскиот метод за планирање на приходите и расходите, ќе преминеме на конкретно изготвување на буџетот.

Одреди ги финансиските цели

Нормално, за почеток добро е да ги дефинираш целите, при што соодветните цели да бидат распределени во времето, односно подели ги на краткорочни и долгорочни цели.

На пример: Ако сакаш овој месец да купиш нови слушалки, тогаш тоа е цел која можеш да ја исполниш во краток рок - до крајот на месецот. Ако планираш наредниот Божиќ да заминеш на патување во Дубаи, тогаш ова повеќе е долгорочна цел за која треба да се штедат пари. Тоа е сосема возможно, под услов буџетот да се подготви правилно. Тргнувајќи од поставените цели, ќе си одвоиш финансии за купување на телефон, слушалки, храна итн., исто така овде ќе бидат вклучени и месечните сметки во планот. Одделно ќе можеш да си направиш графа за заштеда и на тој начин ќе си ја планираш распределбата на пари за посакуваното патување во Дубаи за 10 месеци од сега.

Пресметај ги приходите и расходите

За да ги постигнеш поставените цели, треба да ги пресметаш приходите и трошоците кои ќе ги имаш во зададен период.

На овој начин ќе си обезбедиш мир дека трошоците нема да ги надминат приходите. Ќе можеш да направиш пресметки и колкава сума на пари може да одвоиш за дополнителни купувања кои не ти се преоритетни.

Ажурирање на буџетот

Кога правиш буџет за подолг период, тогаш не се двоуми да го менуваш временскиот период. Најверојатно ќе треба да додадете дополнителни неделни трошоци или пак доколку платата ти се зголеми ќе треба да го промениш износот на месечните приходи.

Направи баланс

Ако знаеш да направиш рамнотежа помеѓу приходите и расходите, значи знаеш правилно да го користиш кредитот без да навлегуваш во поголеми долгови кон финансиските институции, како и, за да можеш да одделиш средства за посигнување на долгорочните цели, но истовремено да не ги занемариш задолжителните расходи. Друг фактор, кој ќе ти помогне во балансирањето помеѓу приходите и расходите е регулирање на потрошените пари на месечно ниво. Секогаш обрни внимание на нештата за кои имаш најмногу потрошено. Со редовната анализа на буџетот ќе процениш кои се предмети или услуги и од кои ќе можеш да се лишиш заштедувајќи пари за нешто побитно.

Ве советуваме да ги автоматизираш плаќањата за месечните сметки, со цел да немаш пречекорувања кон институциите. Тоа можеш многу лесно да го направиш така што ќе поднесеш барање во банките да повлекуваат на определено време вклучувајќи плаќања од платежна картичка. На овој начин нема да имаш потреба да се грижиш дали си ја платил на пр. стујата и знаеш дека нема да ти одземаат од твоето драгоцено време со шетање по институции за плакање сметки.

Не земај кредит доколку неможеш да го вратиш

Тоа дека имаш можност да земеш кредит, не те обврзува да земеш максимална сума која ја дозволува институцијата. Препорачливо е да користиш помали суми за кои ќе имаш можност да ги вратиш. Така нема да имаш преоптоварување на буџетот и нема да излегуваш надвор од границите на првично предвидените трошоци. Дури и да се најдеш во искушение да купиш нешто, прво анализирај ги сите можни варијанти и изберете ја најефтината алтернатива. Така ќе се претвориш во еден разумен кредитопотрошувач и истовремено ќе се радуваш на задоволството кое ти нуди шопинг преку интернет и слично.

Ве советуваме да го разработиш буџетот внимателно и да се обидеш да го следиш, управувајќи ги правлно финансиските трошоци.

Ask a question Постави прашање