Како ефикасно да ги контролираш трошоците?
"Како да ги контролирам трошоците? " Ова веројатно е едно од прашањата кое доста често си го поставуваш. Тоа е сосема нормално, имајќи ги во предвид различните можности кои во денешно време ги нуди економијата. Финансиските институции, исто така ни обезбедуваат мал сет на платежни средства, со кои го олеснуваат пазарувањето, штедењето и управувањето со парите.
Всушност, што и да кажеме, причината што повеќето луѓе не успеваат да го распределат буџетот правилно, е нивната навика да потрошат се ’ што располагаат во моментот. Без разлика, дали имаш во залиха мала сума на пари или поголема, веројатно често се случувало да ја потрошете речиси цела своја заштеда.
Затоа сме подготвени со неколку совети да ви помогнеме да ги контролирате поефикасно финансиите. Сите знаеме дека воопшто не е лесна задачата да се намалат трошоците и да го задржете буџетот, но не е и невозможна.
• Секогаш запрашајте се "Зошто? "
Импулсивни купувања се навика на многумина од нас, но не секогаш сме задоволни од нив. Многу често, кога ќе си ја погледнеме состојбата на сметката и гледаме како сме ги потрошиле половина од средствата за чевли и облека, размислуваме дали навистина имаме вистинска потреба од овие нешта. Вистината е дека во повеќето случаи сето тоа е непотребно. Затоа е корисно да изградите навика поставувајате си го прашањето.
"Зошто треба да го си го купам ова? ", секој пат кога сте наумиле да направите импулсивни купувања. Всушност во повеќето случаи одговорот на ова прашање нема да содржи повеќе од две причини.
Дали навистина имаш потреба од нов паметен телефон? Дали ви треба уште еден таблет? Дали навистина немаш доволно пролетни обувки? Ова се добри прашања кои треба често да си ги поставувате, бидејќи тие ќе ве заштитат во одреден степен од неразумни решенија.
Заклучокот е дека доколку го разберете реално вашиот мотив за купување на непотребни предмети, ќе можете значително полесно да се ограничите.
• Буџетот е потпорна точка
Без разлика дали ќе составете дневен или неделен буџет, најважно е да го имате. Кога имате подготвено прелиминарен буџет за даден временски период, ќе почнете да размислувате на секоја набавка, без разлика дали е мала или поголема.
Почитувањето на буџетот е и чекор кон штедење на финансиски средства, со цел да го остварете својот сон, на пример одмор, да купете нов автомобил или дури да си го среите станбеното прашање. Сите овие цели во животот се една идеја повеќе остварливи ако почнете вистински да штедете пари од бесмислени купувања. На овој начин ќе се стремите да постигнете нешто далеку поважно менувајќи го животот, имено целта ги оправдува средствата.
• Кредитот е за разумните должници
Да земеш кредит и да градиш добра кредитна историја се две меѓусебно поврзани нешта, но понекогаш едното води кон другото. Зошто? Бидејќи многу должници сметаат дека штом немаат кредит можат да потрошат лесно големи суми пари за кратко време, без да се замислат. Но, потоа следува моментот на плаќањето на придонес и токму тогаш може да се покаже дека наместо да ја градат својата добра кредитна историја и сигурен профил, тие всушност се претвораат во должници на финансирање компанија и ја намалуваат исклучително многу идната можност за добивање на било каков и да е кредит. Тоа е затоа што платните средства треба да се користат паметно и трошоците кои ќе се појават да бидат планирани.
Со други зборови - користете ги мудро парите што сте ги зеле на кредит. Се разбира, исклучок се ситуациите на итна потреба. Главниот заклучок сепак е да научите да ги контролирате своите трошоци. Сите знаеме дека тоа не е секогаш лесна задача, особено со толку многу примамливо онлајн понуди. Токму затоа и треба да се водите спрема буџетот. И никогаш не заборавајте да го пратите својот кредит и способност да ги исплатувате секоја обврска до договорениот рок.
Ви посакуваме среќа со почитувањето на овие чекори и сме сигурни дека М Кеш ќе ви помогне во сите идни потфати.