Како и на што троши пари секој хороскопски знак?
Начинот на кој ги трошиме парите открива многу за нас: вкус, вредности, желби, култура, задоволства, приоритети. Но, најмногу од сè, ги открива нашите навики, малите избори во однесувањето кои нè прават она што сме.
Многу од овие навики се наследени од нашето воспитување и обликувани од нашата моментална финансиска реалност, но нашите хороскопски знаци имаат и изненадувачки големо влијание врз тоа како и на што ги трошиме парите.
Ги прашавме астролозите на М Кеш (секако со намигнување) и еве кои финансиски карактеристики се издвојуваа за секој хороскопски знак:
Овен
Овде нема изненадување: Овенот работи напорно и брзо троши. Овенот сака да ги постигнува своите цели, особено ако се тешки. Истото важи и за купувањата и заштедата. Овенот е во состојба да го оправда купувањето дури и на најскапиот предмет, но во исто време може да биде спартански дисциплиниран кога е во прашање штедењето.
Бик
Љубители на скапи и луксузни работи, биковите сакаат се да си допуштат. Тие купуваат скапи, но во исто време и многу квалитетни производи, што сепак е подобро отколку да бидат обземени само од високата цена. Нивната озлогласена практичност им помага да задржат трошка разум и да ја осигураат својата иднина, заштедувајќи за оние божиќни денови кога ќе сакаат да се разгалат.
Близнаци
Близнаците сакаат да ги искусат и поседуваат сите безброј добри работи што ги нуди овој свет и го сакаат тоа што е можно поскоро ! Тие често се предомислуваат и затоа купуваат многу и спонтано. Можно е долго време да сонувале одреден предмет, да го купиле, а веќе следниот ден да си рекле „Хмм, ова веќе не ми се допаѓа, сакам нешто ново“.
Добрата вест за овие трошаџии е што сепак знаат да штедат, бидејќи меѓу сите трошечки идентитети има и еден штедлив. Така, на крајот на краиштата, Близнаците успеваат да ја згаснат жедта за разни набавки.
Рак
За чувствителните Ракови, често скриени под надворешноста, создавањето мир и удобност е во првите редови на трошењето.
Раковите го сакаат својот дом и семејство, сакаат да го градат и зајакнуваат својот дом со секакви придобивки. Раковите трошат многу на предмети за кои веруваат дека создаваат сигурност и удобност.
Понекогаш не успеваат да направат добра пресметка и купуваат прескапи работи само затоа што мислат дека им носат сигурност и удобност.
Лав
Ако постои крал на трошење меѓу хороскопските знаци, тоа е Лавот. Претставниците на овој знак го сакаат добриот живот и не се стегаат да трошат. И уште повеќе ги сакаат своите сакани и ги опсипуваат со подароци.
Нивната вродена огнена страст им помага да изгорат во работата, а тоа им помага полесно да заработат унапредување и соодветно, да заработат повеќе пари кои потоа можат да ги потрошат со задоволство.
Луѓето со хороскопски знак Лав, исто така, имаат најголема веројатност да земат кредит за да го добијат она што го сакаат.
Девица
Познати како организатори на зодијакот, Девиците не само што имаат строга финансиска култура, туку и внимателно зачувуваат сè во детални табели и по боја. Тие знаат каде оди секој денар, колку чини и колку пари ќе останат на крајот на месецот. Сепак, тоа не значи дека тие воопшто се скржави. Не, тие едноставно сакаат се околу финансиите да биде подредено.
Тие доброволно трошат во добротворни цели, но добро е да не заборават да одвојат и за себе – кое би претставувало надоместок за напорната работа за планирање и правилна распределба на буџетот.
Вага
Неверојатно е да се гледа леснотијата со која Вагите трошат на убави работи, но во исто време успеваат да ја одржат финансиската рамнотежа како што може само Вага.
Вљубени во убавото, Вагите не бегаат од купување на нешто што мириса добро, изгледа добро и прави да се чувствуваат одлично. Притоа, не забораваат да одвојат дел од средствата за заштеда и на тој начин да ја одржуваат рамнотежата меѓу приходите и расходите.
Шкорпија
Тие се финансиските умови на зодијакот. Трошат само за најпотребното, бидејќи се друго го инвестираат со единствена цел да заработат што повеќе. Шкорпиите сакаат да бидат чекор понапред од другите и се заинтересирани за се што ќе им помогне да ја постигнат целта, вклучително и во финансиската област.
Овие нивни квалитети им помагаат да бидат апсолутно финансиски сигурни во годините што доаѓаат.
Стрелец
Ќе ви биде тешко да најдете Стрелец кој троши на непотребни работи. Но, за курсеви за личен развој, патувања, книги – Стрелците секогаш се на прво место ! За нив светот е повеќе духовен отколку материјален и затоа смело инвестираат во нематеријални придобивки.
Но, бидејќи не постојат совршени луѓе, дури и Стрелците се склони кон импулсивни купувања, кои често ги оправдуваат со „за душа“, но всушност се диктирани од чиста суета.
Јарец
Овој знак се чувствува добро само кога ќе се искачи на врвот. Сака скапи и квалитетни работи, а уште повеќе сака истите да ги купува со попуст. Јарците сакаат сигурност и затоа намерно градат план за нивната стабилна финансиска иднина. Нема да ги видите како трошат на минливи нешта.
Водолија
Луѓето од овој знак прво размислуваат, а потоа трошат. Сакаат да имаат поглед на целата слика на нивните финансии и од таа повисока перспектива да проценат дали нешто вреди да се купи или не.
Тие се вљубени во нови техно гаџети, но и доброволно ги поддржуваат локалните производители на храна и козметика, на пример.
Тие лесно им помагаат на своите роднини кога се во финансиски тешкотии.
Риба
Иако не се материјалисти, Рибите често се добро финансиски обезбедени бидејќи знаат како да привлечат изобилство на своја страна. Едноставно така се поставени.
За да имате добра контрола над протокот на пари и да не се најдат заробени на непромислено скапи набавки, добро е да се консултирате со финансиски советник или пријател кој ќе има улога на сидро во материјалната реалност на парите.