Кога љубовта кон родниот град станува дело – вработени од М Кеш донираат клупи во Дебар

Водени од љубовта кон својот град, вработените од М Кеш доброволно се организираа и реализираа волонтерска иницијатива за уредување на дел од јавниот простор во Дебар, на патот кој води кон градското езеро.
Во рамки на акцијата, беа изработени и поставени 2 маси и 4 дрвени клупи од палети, со цел да се создаде пријатен простор за одмор, дружење и уживање во природата. Целиот процес е спроведен со лична посветеност, сопствени средства и поддршка од компанијата М Кеш, која секогаш ги охрабрува иницијативите што значат подобрување на заедницата.
Со овој мал, но значаен чекор, сакаме да покажеме дека кога работиш со душа и љубов, твојот град добива повеќе.
Оваа иницијатива е спој на лична желба, професионална мотивација и чувство на припадност. Кога можеме – даваме од срце.
М Кеш, Од срце за срце