27.09.2018

Кои се главните финансиски предизвици во раната есен?

news article image

Почетокот на есенската сезона носи со себе некои многу важни финансиски предизвици. Предизвици на кои треба да обрнете потребно внимание, ако не сакате последователно да се соочите со парични проблеми и тешкотии. Колку сериозни се за тебе предизвицте во голема мера зависи од тоа дали претходно сте направиле добро планирање на своите финансии, како и на трошоците во текот на летото. Подолу се главните настани што предизвикаа финансиски предизвици за повеќето потрошувачи во почетокот на есента:

Крајот на летниот одмор - летниот одмор е период од годината, во кој луѓето се опуштаат целосно и прават доста повеќе трошоци од вообичаеното. Вклучувајќи - трошоци за одмори и патувања до далечни дестинации за излегувања во ресторани и пабови со пријателите, како и за обезбедување на други погодности и забава. Кога летниот одмо р ќе заврши,во многу случаи се соочуваме со суровата финансиска реалност. Особено ако претходно не сте планирале колку точно средства може да си дозволите да потрошите во посочениот период. Во секој случај е добро, веднаш по завршувањето на летниот одмор, да направите детален преглед на личниот буџет и да се подготви план за пополнување на дупките (ако има такви). Навремените одговори и мерки ќе ви заштедат многу идни главоболки и тешки финансиски ситуации.

Почеток на учебната година - ако имате деца, кои во моментов се во школска возраст, овој настан исто така ќе биде од суштинско значење за вас. Вистината е дека издршката на еден современ ученик може да е доста тешко за семејниот буџет. Трошоците почнуваат да се трупаат уште при подготовката за новата учебна година, со оглед на потребата од купување на учебници и материјали, соодветна облека и обувки, ранец и други важни елементи. И тие не завршуваат со ова. За време на училишните денови, значителен дел од парите одат во храна, џепарлак, итн. Во овој контекст, ви препорачуваме да воспоставите оптимален баланс помеѓу интересите на детето и можностите на семејниот буџет. Од една страна, не лишувајте го детето од основниот прибор и забава со кои располагаат повеќето негови врсници, од друга научете го навистина да ги цени парите и да не ги троши за непотребни работи.

Заладување на времето - есен - зима сезоната се одликува и со некои климатски промени, кои несомнено се претвораат во финансиски предизвик за секое домаќинство. Тоа главно се однесува на трошоците за греење. Без разлика дали се греете со клима уред, или пријатен камин на дрва пример, сигурно ќе треба да издвоите одреден дел од буџетот за ова намена. Во овој поглед, добро би било инвестирање во подобра изолација на домот и зголемувањето на неговата енергетска ефикасност. Такви се инвестициите за зајакнување на вратите и прозорците, ситни поправки, итн Ако вашиот паричник е премногу тенок за такви инвестиции во моментот, користете ги можностите што ги нуди M КЕШ. 70 000 денари ќе ви овозможат да ја реализирате оваа инвестиција.

Нови иницијативи -повеќето го сметаат летнитот период за период на одмори но и за трансфери. Или пак со други зборови оние кои не се задоволни од досегашната кариера и професионален развој овој период започнуваат да бараат нешто ново.Доколку и вие сакате да започнете нова работа или бизнис, сигурно следните неколку месеци ќе бидат напнати за вас од финансиска гледна точка. Во таков случај ти препорачуваме повторно да се довериш на М Кеш при потреба од брзо покривање на одредени трошоци. Овој кредит ќе ви помогне да го поминете тешкиот период и да воспоставите финансиска сигурност и спокојство.

Финансиските предизвици се нешто што секој современ корисник треба да го научи. Со цел да ви помогнеме максимално во овој процес, ние ви нудиме погоден кредит М КЕШ. Со можност за отплата од 3 до 12 месеци со износ до 70 000 денари, кој ќе ви бидат на располагање секогаш кога ќе имате одредена непланирана ситуација.

Ask a question Постави прашање