Креативни идеи за летен одмор
Креативни идеи за летен одмор
Летото е веќе тука и сите размислуваме како да го реализираме идеалниот одмор. Добрата вест е дека не мора да потрошите цело богатство за да го направите ова лето незаборавно. Постојат многу начини да уживате на интересни и релаксирачки дестинации без да ги испразните вашите џебови.
Ви подготвивме неколку идеи за летен одмор кој нема да влијае на вашиот домашен буџет, а кои ќе ви помогнат да уживате максимално со минимални трошоци.
1. Истражување на непознати села
Секоја година туристичките агенции нудат одредени актуелни дестинации и се чини дека сите заедно одлучуваат да одат на одмор на тие неколку места. Логично, цените на овие „тренди“ места скокаат бидејќи побарувачката за нив е голема. А во исто време, на само неколку километри од Вас се наоѓаат исто така убави места за престој кои и не се толку скапи. Затоа, направете мал експеримент, проширете го периметарот на вашето пребарување за одмор и ќе откриете дека и непознатите дестинации нудат исто толку големи искуства и природни богатства.
Наместо да патувате до познатите туристички дестинации, размислете за посета на малите, непознати села во вашата близина. Тие често нудат живописни пејзажи, топло гостопримство и специјалитети приготвени од локалното население по многу пониски цени. Долгите прошетки по шумите и уживањето во мирот и тишината, ќе ви озвоможат да ги наполните батериите за претсојниот период а воедно ќе стекнете и нови, уникатни искуства.
Доколку сепак се одлучите за класичен летен одмор можете да ги намалите трошоците доколку користите автомобилски или јавен превоз.
· Алтернативен превоз
Проверете ги цените и размислете дали можеби билетот за воз или автобус би бил поевтин од полнењето на автомобилот со гориво. Со заштедените пари, одморот ќе го продолжите за уште најмалку два дена. Сепак, ако не можете да живеете без вашиот автомобил, соберете истомисленици и патувајте заедно и поделете ги трошоците за безнин.
· Кампување на непознати плажи
Зошто да плаќате за скапи хотели кога можете да поставите шатор на прекрасна плажа? Со шатор и малку опрема, можете да уживате во природата, да слушате бранови и да се разбудите со изгрејсонце. Најчесто повеќето од овие места се бесплатни или имаат симболични такси, што значи дека ќе заштедите значителна сума на пари, а спомените од ова лето ќе траат цел живот.
2. Градски туристички ден
Дали некогаш сте размислиле за убавините на вашиот сопствен град во кој сте живеете и дека понекогаш најубавите авантури се оние што можете да ги добиете сопствениот град?
Организирајте туристички ден со посета на музеите, парковите и културните споменици кои долго време, свесно сте ги игнорирале. Можеби пикник со храна во околината на вашиот град може да биде подеднакво задоволувачки како и ручек во скап ресторан.
3. Планинарење
Ако сте љубители на природата, планинарењето е идеална активност за вас ова лето.Истражете ги локалните планини и патеки, уживајте во свежиот воздух и неверојатните погледи. Ова е одличен начин да се вратите во форма и да го поминете времето на отворено без да потрошите многу пари.
4. Пресметајте добро
Доколку сте во можност да го изберете моментот на поаѓање, тоа треба да биде веднаш откако сте земале плата.
Но, доколку сепак на крајот од месецот имате потреба од дополнителни финансии за дополнување на буџетот, без разлика на опцијата која ќе ја изберете, запомнете дека најважно е искуството, а не финансиите кои ќе ги потрошите.
Важно е само да не ги надминувате вашите можности и правилно да ја пресметате сумата и големината на ратите со кои потоа ќе го враќате кредитот.