17.06.2025

Празникот е поубав кога се споделува – MCash во акција за Курбан Бајрам

news article image

Во духот на еден од најголемите и најзначајни празници – Курбан Бајрам, тимот на М Кеш на 5 јуни годинава, реализираше празнична акција, насочена кон оние на кои најмногу им е потребна топлина и внимание – децата.

Во рамките на оваа иницијатива, од страна на вработените во М Кеш беа подготвени и лично доставени празнични пакети со храна за околу 25 деца од Дебар, директно во нивните домови. Секој пакет беше внимателно составен, како симболичен гест на почит, со цел барем малку да го разубавиме нивниот ден и да им подариме чувство на радост, припадност и љубов.

Курбан Бајрам е празник кој повикува на добрина, солидарност и грижа за другиот – вредности кои и ние како компанија длабоко ги негуваме. Веруваме дека вистинската смисла на празнувањето се крие токму во малите дела што носат насмевка на нечие лице и во моментите кога се сеќаваме дека сите сме дел од една заедница.

Со оваа акција, М Кеш еднаш ја потврди својата заложба за општествена одговорност, покажувајќи дека поддршката и вниманието се највредни токму тогаш кога се даруваат од срце.

Оваа иницијатива не само што донесе насмевки кај децата, туку и нè потсети сите дека празникот е навистина поубав кога се споделува.

Ask a question Постави прашање