М Кеш го одбележа Меѓународниот ден на среќата
На 20 март вработените во М Кеш го одбележаа Меѓународниот ден на среќата со низа дружења и активности, а беа наградени и 5 вработени кои дадоа најкреативни мисли на конкурсот “Што е среќа?”.
Инаку, почетоците на прославување на овој ден датираат од 20 Март 2012 година кога Обединетите нации донесоа резолуција со која го прогласија овој ден за Меѓународен ден на среќата, како начин да се препознае важноста на истата во животот на нас луѓето, ширум светот.
Овој ден ни служи како потсетник дека среќата никогаш не произлегува само од материјалните добра, моќта или славата, туку пред се од семејството, пријателствата и емоционалната исполнетост. Во овој посебен ден на среќа секој треба да ја сподели својата среќа со своите сакани. Бидејќи само среќата ја има таа карактеристика кога се дели да се множи. Среќата ја чинат мали работи, секојдневни ситници на кои често не обрнуваме внимание.
Среќа е да ја работиш работата што ја сакаш, за да можеш да живееш од тоа за што живееш.
Среќа е што сме неверојатен тим.
Среќа е да работиш во компанија што се грижи за среќата, здравјето и благосостојбата на своите вработени.
М Кеш е првото целосно он лајн финансиско друштво кое работи на домашниот пазар од 2017 година и нуди можности за работа во интернационална средина, развој и напредок на деловен, професионален и личен план. Доколку сакате да продолжите да ја градите вашата професионална кариера во модерна компанија која се грижи за своите вработени, погледнете ги отворените работни позиции на следниов линк.