М Кеш со хуманитарна велигденска донација
По повод велигденските празници М Кеш донираше хуманитарни пакети со неопходни намирници, храна и средства за социјално ранливи семејства во Охрид.
Стареењето на популацијата во Македонија наметнува голем број на здравствени, социјални и економски предизвици. Многу стари лица живеат сами и изолирани, ситуација која е дополнитено влошена со најновите инфлациски текови во светот и во нашата земја.
М Кеш како општествено одговорна компанија во рамките на своите можности секогаш се труди да помага на луѓе, семејства и организации на кои им е потребна помош, при што за време на овогодинешните велигденски празници успеа да израдува повеќе социјално загрозени семејства кои не се во можност да си ги обезбедат основните намирници за храна и неопходни хигиенски средства.