Бесплатна вечера со заштедени паричиња
Не, не станува збор да ги земете паричките од касата на своето дете. Подобро, направете своја :)
- како функционира?
Всушност, ова е многу популарен и лесен метод за релативно мали (за џеб) заштеди и се состои од следното:
• Направете ја вашата касичка (од кутија, тегла или што сакате). Од психолошка гледна точка подобро е да се биде транспарентен. Ова ќе ви овозможи да го следите растот на вашите заштеди.
• Секоја вечер собирајте ги денарчињата што ви останале од тој ден од шопинг, кусур од пазарување, од паричникот, од џебовите и ставете ги во касичката.
• Дали ќе броите колку парички ставате секој ден во касичката е ваш избор. Ве советуваме да не се продлабочувате во пресметката.
со текот на времето станува навика.
Вистината е дека нема да се збогатите :) Нашите набљудувања покажуваат дека со овој метод може да се заштедат суми од редот на 500-3000 денари месечно во зависност од индивидуалната финансиска ситуација и дисциплината кон оваа навика. А исто така зависи и од начинот на кој плаќате, доколку пазарувате со кеш ќе ви остануваат денарчиња.
е главната психолошка предност на овој метод.
Дали некогаш ви се случило во гардеробата која не ја носите често да најдете пари? Чувството е како освојување на лотарија ... претежно тоа се мали суми. И ако размислите за тоа, тоа се вашите пари ....
е бидејќи овој начин на штедење е неосетен за вашиот џеб...
Не ги потценувајте малите суми :)
Прашањето за вечера за саканата е сеуште проблем, бидејќи сте собрале само околу 600 денари. Вие не треба да бидете разочарани, туку погледнете наоколу - претежно на интернет. Постојат многу сајтови кои нудат услуги со големи попусти.