19.07.2017

На море или на планина

news article image

Летото е веќе тука со своите неверојатни предизвици и волшебни моменти.

И повторно си пред избор - каде и која да биде твојата дестинација - планина или море. Двете алтернативи имаат свој шарм, но ако оваа одлука ти е тешка, еве некои од предностите за одморот на море и одморот на планина.

Морето привлекува со своето убаво изгрејсонце и нежните зајдисонца, со прекрасните можности за спорт, релаксација и морски авантури. Некои од погодностите кои може да ти ги подари едно летување на море се:

  • Морските процедури го зајакнуваат целиот организам. Ние сите во себе носиме честичка од морето - околу 70% од нашето тело се состои од вода.
  • Го зајакнува нервниот и имунолошкиот систем - морските бањи влијаат благородно на кожата, нервниот систем и имунитетот. Значи тие не се само забава, туку имаат и уникатнo лековитo влијание за целиот организам - ја тонизират и масираат кожата, ја збогатуваат крвта со кислород, ги зајакнуваат крвните садови, ги нормализира целосно метаболичките процеси во организмот.
  • Помага за синтеза на витаминот Д, кој е потребен за размена на калциум и фосфорна кислеина во организмот. Основен извор на овој витамин е сончевата светлина.
  • Топлата морска вода делува смирувачки на организмот, а солите во неа го стимулираат целиот нервен систем преку контактот на морската вода со кожата.
  • Морето може да ти подари неверојатна природна рефлексотерапија - прошетките по влажниот песок со боси нозе делува благотворно на целиот нервен систем.
  • Јодните испарувања ја потпомагаат работата на тироидната жлезда. Воздухот исполнет со јодна пареа рано наутро е многу свеж, ароматизиран и лековит.
  • Морски тен - здрав, свеж и сјаен и незаменлив со ништо друго. Покрај тоа што влијае позитивно на здравјето, исончаниот тен е подобро средство за убавнина и од најскапата шминка.
  • Сонце, море воздух и вода - ако си подложен на постојан стрес, тоа е магична пилула за твоето здравје. Мозокот ти одмара, се релаксираш и се оддалечуваш од стресот. Насмевката и спокојството ти се враќаат многу брзо.
  • Ноќнa забава, фестивали, прошетки, природни морски спа процедури - морските дестинации секогаш дејствуваат енергично и имаат предиспозиции за слични искуства.

Планината во текот на летото има свои предности, исто така. Таа е толку позитивна и смирувачка.

  • За оние кои не ги сакаат забавите на морето, планината е добра алтернатива.
  • За оние кои не ги сакаат летните горештини и најгласните места, планината е бегството кое им е потребно. Ако и ти си меѓу нив, тогаш нурнувањето во зеленилото на планинскто одморалиште е твојата дестинација.
  • Чист воздух, мир и тишина, едно поинакво чувство од морскиот брег. Мирот и тишината делуваат релаксирачки на нервниот систем, кој е заситен од постојаниот стрес и динамичната градска средина. Мирот и сонот брзо закрепнуваат.
  • Планинскиот клима е поладна и повлажна.
  • Атрактивните летни цени се со големи попусти и интересни промотивни пакети. Ако немаш можност да си дозволиш одмор на море, тогаш планинскиот базен е прекрасна алтернатива.
  • Големите физички оптоварувања како резултат на стресниот начин на живот во големиот град се компензира.
  • Нуди различни еко-патеки.
  • Излети во природа.
  • Јавање коњи.
  • Достапни се групни пешачења во планината со обучени водичи. Ако го сакаш движењето, ако не се заморуваш од долги прошетки - планината е за тебе.
  • За љубителите на СПА третманите - достапни се многу различни релаксирачки третмани. Речиси сите планински летувалишта нудат прекрасни бањи со топла вода.
  • За да добиеш тен, да одмориш под сончевите зраци и да се радуваш на капењето и пливањето, многу хотели нудат и надворешни базени.
  • Екстремни спортови на вода - рафтинг, кајакарење, посета на водни пештери, планински велосипедизам.
  • Прошетки.
  • Групни излети.
  • Екстремните спортови се високо ризични, но носат најголем прилив на енергија и високо ниво на адреналин во телото.
  • На планина можеш да доживееш задоволство и да вкусиш од традиционалната домашна кујна.

По толку позитивни карактеристики на двата видови на одмор, изборот е во твоите раце. Релаксирачки, радувај се на безвременост, неверојатните емоции, собирање сонце и добро расположение. И не заборавај дека М КЕШ е тука секогаш да ти излезе во пресрет ако си ограничен финансиски при избор на дестинација за летниот одмор. Аплицирај брзо и лесно-онлајн.

Ask a question Постави прашање