29.03.2023

Најдобрите велигденски дестинации во Европа за 2023 година

news article image

Бидејќи Велигденските празници се на самиот праг, во нашиот нов блог пост ќе зборуваме за најдобрите и најпосакуваните дестинации за време на велигденските празници на стариот континент.

Доколку и вие исто како и нас се прашувате каде сакате да патувате за време на претстојните велигденски празници, во продолжение ви даваме неколку предлози каде можете сами или заедно со вашите најблиски да ги поминеме празниците.

Периодот околу Велигден исто така е и време кога се враќаат сончевите денови, деновите се подолги и потопли. Уживајте во најдобрите европски дестинации за вашите велигденски празници. 

Топ 5 дестинации за велигденските празници:

Виена, Австрија

Виена е еден од најпопуларните дестинации за туристи во секое време во годината. Градот е жив музеј во кој се судираат историјата и културата. Може да ги слушате концертите за пијано на Моцарт, да ја посетите палатата Шенбрун или едноставно да се движите низ многуте велигденски пазари во градот.

Ница, Франција

Ница во последните неколку децении станува една од најпопуларните дестинации за Велигден. Познато е дека градот има некои од најдобрите плажи во Европа и нуди можност да уживате во топлото време истражувајќи го овој прекрасен град.

Најпопуларниот настан во Ница за време на Велигден е поворката со јајца што се одржува на Велики петок наутро. Поворката започнува во црквата Сен-Жан-Баптист и завршува на Плејс Масена каде децата можат да се кршат со јајца.

Лондон, Велика Британија

Лондон е град со голема културна разновидност. Во Лондон луѓето Велигден го слават со различни настани и активности. Најпопуларниот велигденски наста е годишната парада наречена „Лов на големи јајца“. Парадата ќе се одржи на плоштадот Трафалгар. Денот кога ќе се одржува парадата целиот град ќе биде проследен со игри и активности на тема јајца каде што ќе бидат доделени награди за секој кој ќе учествува на активностите.

Будимпешта, Унгарија

Најдобро време за патување во Будимпешта е за време на велигденските празници, кои траат од крајот на март до самиот ден за Велигден. Во овој период градот оживува со продавачи на цвеќиња, улични изведувачи, разни иизложби и настани. На улиците и во рестораните може да уживате во вкуснатата и традиционална унгарска храна во понуда и култура. Ако сакате да го доживеете најдоброто што овој град може да го понуди, велигденските празници се најдобро време за посета.

Росток, Германија

Велигден е еден од најголемите празници во Германија. Велигденските празници се време кога германците уживаат со своите најблиски во семејството си одлична храна и забавни настани. Едно од најдобрите места за доживување на германскиот Велигден е во градот Росток кој се наоѓа на Балтичкото Море во северна Германија. Најдоброто нешто за време на посетата на овој град за Велигден е тоа што може да уживате во разновидната култура и историја на Германија.

Како ви се допаѓаат нашите предлози за кратко патување за време Велигден? 

 Секако за планирање и реализирање на сите патувања секогаш се потребни и дополнителни финансиски средства со кои не секогаш располагаме во нашиот ограничен буџет. За таа цел, тука е  М Кеш кој нуди краткорочни и брзи заеми во износи до 100.000 денари, со одлични и поволни услови каде што посакуваните средства ги добивате за само неколку минути. За краткорочен заем можете да аплицирате на следниов линк, на телефонскиот број (02) 51 15 000 или во некои од продавниците за пари ширум државата.

Ask a question Постави прашање