Најпознатите интернет милијардери во светот
Во оваа статија нема да зборуваме за милионери. Тие веќе не се во центарот на вниманието. Тука станува збор за младите иновативни и инвентивни интернет бизнисмени, кои се рангирани на првите места на онлајн милијардери.
Ќе ви претставиме некои од нај богатите бизнисмени, кои го акумулираа својот капитал благодарение на интернетот. За изминатата 2016 година наведените имиња ги предводат светските листи за најмлади милијардери кои се стекнале со своето богатство благодарение на интернетот. И секој ден, секој наш онлајн клик го зголемува нивното непристојно богатсвто.
1. На прво место според нето добивка за 2016 година не е било кој, туку Џеф Безос. Тој е основачот на гигантот за интернет трговија Амазон. Компанијата започна со работа во 1995 година во гаражата на Безос во Сиетл. Тој и уште неколку работници стартуваат развој на софтвер за онлајн трговија. Набргу морале да се преместат од гаража во трособен стан, бидејќи проектот бил во пораст. За неколкумина е познат фактот дека Амазон започна како онлајн книжарница и дека првата порачка е направена од Бугарија.
Денес вредноста на капиталот на Безос изнесува 45 милијарди долари. Со оваа сума тој ја предводи листата за 2016 година за онлајн милијардери. Одлични перформанси. Особено за бизнис лансиран во нечија гаража, зар не?
2. Второ место е за Марк Цукерберг. Не е возможно оваа листа да биде направена без тоа име. Неговата "империја " Фејсбук го рангира на втората позиција меѓу онлајн милијардери, каде за 2016 година тој се одликува со скромни 44,6 милијарди долари на неговата банкарска сметка. На сите ни е позната неговта историја за тоа како неговиот Студентски проект се претвора во најголемата и највлијателната социјална мрежа која постоела некогаш. Секој од нас секојдневно го проверува својот Фејсбук профил. Не постои онлајн бизнис, кој не троши средства за да го рекламира својот бизнис во мрежата и не плаќа со кредитна картичка секакви видови реклами и засилување на постови. Фејсбук завзема важна улога во раѓањето на "болестите на 21-от век " - дијагностицирани и веќе официјално именувани од психолозите, па дури и внесени веќе во некои медицински учебници. Такви се "Фејсбук синдром ", Селфи зависноста и други.
3. Лари Пејџ и Сергеј Брин од Гугл се следните по ред, каде капиталот на секој од нив изнеува по 35 милијарди долари. Повторно во гаража, но овој пат во Калифорнија двајцата колеги го започнаа својот бизнис. Тие измислуваат алгоритам за пребарување на мрежата, кој е подобар од сите останати на пазарот. И до денес нема поголема пребарувач од Google. Сите обиди да се направи конкурентна платформа за пребарување ја "дишат прашината " на Пејџ и Брин. Очигледно Гугл поседува не само уникатен алгоритам за пребарување, но и за правење милијарди.
4. Џек Ма и неговиот Alibaba е исто така дел од листата. Тој важи за еден од највлијателните интернет милијардери. И тоа нема никаква врска со неговиот капитал од 28 милијарди. Причината е неговата инспиративна приказна која потикнува милиони млади луѓе да веруваат во успехот и да не се откажуваат од своите соништа. Џек Ма е роден во сиромашно семејство за време на комунистичкиот режим во Кина. Два пати е одбиван за кандидат за студент и неговта апликација за работа била отфрлана постојано, исто така не бил примен на работа во KFC. До денес, извршниот директор и основач на Alibaba поседува 7,8% од компанијата, како и 50% од платежниот систем Alipay.
Alipay оперира со 65 кредитни и банкарски институции, вклучувајќи Visa и MasterCard. Корисниците на платниот систем се над 400 000, а од пред неколку години и странци можат да ги регистрираат нивните кредитни картички во системот и да вршат плаќања преку нив.
5. Никому познатот до скоро Ма Хуатенг (познат уште како Пони Ма), е следниот интернет милијардер. Роден е во 1971 година во Кина. Дипломира како софтверски инженер. Во 1998 година со четири свои пријатели создаваат Тансон. Како извршен директор и ко-основач на Тансон Холдингс неговиот капитал за 2016 година изнесува 24 милијарди. И ако се прашувате какви услуги нуди неговата компанија еве едно кратко претставување. Ова е една од најголемите интернет компании во Кина, а и во светот. Компанијата поседува најголем инстант месинџер во Кина. И тука социјалните медиуми се во основата на богатството на петтиот на листатата.