Новогодишни финансиски совети
Новата година доаѓа да ни даде нова шанса да станеме најдобрата верзија од себе си, малку да се доближиме до животот од соништата, повторно да најдеме сила и инспирација за постапки кои до сега не сме можеле да ги преземеме.
Зарем не е прекрасно што на секои 52 недели добиваме шанса да започнеме од ново!
Сакаме да ви дадеме идеи за неколку новогодишни решенија до кои лесно можете да се држите и за кои навистина вреди да се потрудиме. Станува збор за совети кои ќе ви донесат повеќе пари и ќе ви помогнат да живеете многу поудобно.
Совет број 1: Да заштедам 10% од мојата плата
Ни остави впечаток дека кога станува збор за заштеда на пари, луѓето замислуваат дека мора да ги прекинат речиси сите набавки, да не трошат ниту денар на ништо друго освен сметки и да водат стегнат и лош начин на живот, само за да ги заштедат своите пари.
Всушност, заштедата на пари не треба да биде „казна“, туку финансиски подарок што си го давате себеси. Сумата што е добро да се одвојува секој месец е помеѓу 10% и 20% од платата.
Со други зборови, ако земаш плата од 40 000 денари, 4 000 денари е сума што е препорачливо да се заштеди. Најлесно е да направите автоматско префрлање од сметката каде што ви доаѓа платата на друга сметка или штедна книшка, за да не дојдете во искушение да посегнете по заштедените пари при првата потреба.
Така, ако заштедите и 3500 денари месечно , на крајот на годината ќе имате 42 000 денари на сметката. Не е лошо, нели?
Совет број 2: Да не купуваме непотребно
Ништо не може да ја замени радоста да се купи нешто ново, нели? Без разлика дали се работи за облека, апарат или нов парфем. По само неколку дена, сепак, ова чувство на „ново“ ќе го снема, како и нашите пари. И многу е веројатно дека веќе имаме и други фармерки, дека стариот телевизор бил во ред и дека не си морал да ја купиш таа алатка, туку само да ја изнајмиш.
За да уживате во финансиската благосостојба во наредната година, може да испробате нов пристап кон купувањата - да купувате ново само откако старото веќе не работи.
Ако фармерките ви се цврсти и добро ви стојат, не купувајте нови. Ако телевизорот работи, не го земајте следниот модел само затоа што е нов. Истото важи и за телефонот, шпоретот итн. Само уживајте во вашите работи подолго.
И ако нешто одеднаш се скрши и не сте биле во можност да заштедите доволно пари според советот број 1, може да размислите да аплицирате за кредит за да го финансирате вашето купување. Ова ви дава можност да ја земете сумата која ви е потребна. Јасната распределба на ратите за отплата на кредитот ќе ви помогне да ги држите финансиите под контрола и точно да знаете каде одат вашите пари.
Совет број 3: Да научите уште еден начин да заработите пари
Кога можете да изберете колку пари месечно ќе заработувате, наместо да зависите од фиксна сума , тоа е многу полесно, нели? Дури и ако не сте посветени на „сопствен бизнис“, постојат многу начини да заработите дополнителни пари.
Најлесно е да погледнете околу себе и да видите кои предмети не ги користите и истите можете да ги продадете. Заработените пари може да ги зачувате на сметката според советот број 1 или да исплатите рата за кредит без да го нарушите вашиот месечен буџет.
Дури и доколку исполните само едно од трите финансиски совети во следната година, ќе направите чекор напред кон вашиот финансиски мир.