18.07.2025

Од срце до успех: М КЕШ конференцијата што инспирира

news article image

На 12 јули, во хотел Метропол – Охрид, се одржа шестата трговска конференција на М КЕШ, под мотото „Од срце за срце“, во чест на 10 години постоење на нашата компанија.

На едно место се собраа повеќе од 200 вработени, обединети со иста енергија и љубов кон работата. Конференцијата беше исполнета со инспиративни обраќања од клучните лица на М КЕШ, кои уште еднаш потврдија дека кога нешто се работи од срце, резултатите доаѓаат природно и со гордост.

Во знак на симболичност, од срце ги пуштивме балоните во форма на срце, со желба пораката дека „М КЕШ работи од срце“ да допре што подалеку.

Особена чест ни беше да ја наградиме нашата Западна Ареа за најмногу реализирани регионални општествено одговорни активности – вистински пример за посветеност, хуманост и заеднички дух.

Во рамки на презентацијата беа претставени и новините на кои заедно работиме како тим – идеи, проекти и иницијативи кои постепено ќе се реализираат во годините што доаѓаат. Горди сме што иднината ја планираме заедно – професионално, посветено и со визија.

 

Вечерта ја крунисавме со прекрасна забава, ледена статуа во форма на логото на М КЕШ и многу насмевки, емоции и моменти кои ќе ги паметиме.

Навистина сме горди на нашите успеси, но уште погорди сме што зад тие успеси стои еден силен, мотивиран и човечки тим.

На сите колеги – благодариме од срце за посветеноста, енергијата и љубовта што ја внесувате во сѐ што правиме. Нека ни се множат успехот, инспирацијата и заедништвото.

Од срце за срце – продолжуваме уште посилни! 

Ask a question Постави прашање