Од срце за срце – Нов живот и нова боја за училишниот двор во „ООУ Драслајца- Струга

Во рамките на нашата иницијатива „Од срце за срце“, тимот на М Кеш реализираше една од оние активности кои немаат потреба од големи зборови – затоа што зборуваат срцата.
Овојпат, нашето внимание беше насочено кон едно мало, но исклучително значајно место: Основното општинско училиште „Св. Климент Охридски“ во село Драслајца, во општина Струга.
Во ова училиште, детската смеа сè уште одекнува низ дворот, а вредностите како почит, учење и заедништво се живи, присутни и инспиративни. Токму затоа, решивме таму да оставиме трага – не само симболична, туку и вистински видлива, практична и емотивна. Нашата мисија беше обнова на клупите во училишниот двор, кои со години служат како тивки сведоци на растењето на генерации деца.
Со боја, четки и љубов во срцата, ги освеживме и заживеавме старите клупи кои до вчера беа избледени и незабележани. За нас, тие не беа само дрвени површини – тие беа меморија на детството, места на први другарства, први сонови и први училишни игри. За децата, тие се дел од нивниот мал свет, а за нас – можност да им покажеме дека не се заборавени, дека вредат и дека нивниот простор заслужува грижа исто колку и секој друг.
Акцијата ја реализиравме во соработка со наставниците, кои со отворени раце и благодарност нè пречекаа како свои. Уште повредно беше тоа што децата беа таму – љубопитни, насмеани, радосни што нивниот двор добива нов изглед. Во нивните очи видовме возбуда и надеж, а во нивните гласови – искрена благодарност што некој дошол токму кај нив, да направи нешто заедно, без многу галама, но со големо срце.
За М Кеш, оваа акција беше потсетник дека хуманоста нема локација – таа живее таму каде што има срца што чекаат да бидат допрени. Некогаш е подадена рака, а понекогаш е само свежа боја нанесена со внимание и искреност.
Нјвредното нешто за нас е– да вложиме во средини каде што радоста се мери со мали нешта, но се чувствува длабоко.
Затоа што секое дете заслужува боја на внимание, а секоја заедница заслужува да знае дека не е заборавена. Од срце за срце