Од срце за срце – Подадена рака во Неготино

Во јуни 2025 година, под мотото „Од срце за срце“, М Кеш со големо срце и уште поголема човечност ја продолжи својата општествено одговорна мисија. Овојпат нашата грижа и поддршка беа насочени кон изнемоштени и стари лица – жители на Домот за лица со посебни потреби во Неготино, чии животи минуваат тивко, скромно и далеку од очите на јавноста, но исполнети со потреба за топлина, внимание и човечки допир.
За овие луѓе, годините донеле предизвици, болка, осаменост. Затоа решивме да бидеме таму каде што најмногу недостасува подадена рака. Со многу љубов и посветеност, подготвивме пакети со храна што ги содржат основните продукти неопходни за секојдневно живеење. Скромна помош, но со длабоко значење – затоа што некогаш е доволно само некој да покаже дека сѐ уште се грижи.
На овој начин, М Кеш покажа дека вредноста на гестот што го пренесовме беше многу поголема – вредност на внимание, солидарност и емпатија. Нашиот тим со посебна почит и чувствителност ја реализираше оваа посета, слушајќи ги нивните приказни, нивните надежи и тивки желби.
Видовме лица кои, и покрај животните предизвици, зрачат со добрина. И научивме уште еднаш дека е потребно многу малку за да направите нечиј ден посветол – топол збор, искрен поглед, и акција што ќе внесе олеснување и надеж.
Оваа акција беше средба на генерации, на минато и сегашност, на светови кои ретко се допираат, но кога ќе се поврзат – создаваат вистинско значење.
М Кеш – затоа што хуманоста не знае за возраст.