30.06.2025

Од срце за срце – За децата кои учат да се борат, приказни и боички за големи срца во мали тела

news article image

Во рамки на нашата иницијатива за општествена одговорност Од срце за срце“, М Кеш со гордост реализираше уште една акција со исклучителна човечка вредност – овојпат во Развојното советувалиште при ЈЗУ Здравствен дом Велес, каде веќе повеќе од две децении се води тивка, но силна борба за секое дете родено со одреден ризик да го добие вниманието, грижата и поддршката што ја заслужува.

Советувалиштето претставува еден од најпосветените здравствени пунктови во земјава, со стручен тим составен од педијатар, психолог и дефектолог, кои од различни аспекти го следат психомоторниот, физичкиот, функционалниот и психичкиот развој на децата. Тоа не е само здравствена установа – туку свет на надеж, каде љубовта и знаењето се спојуваат за да помогнат таму каде што е најпотребно.

Водени од силната желба нашата иницијатива „Од срце за срце“ да допре до срцата што навистина имаат потреба, дониравме сетови со сликовници, боенки, книги и материјали за креативен израз, кои ќе им овозможат на најмалите барем малку полесни и повесели мигови за време на третманите.

Овие мали гестови се моќна алатка за олеснување, охрабрување и психолошка поддршка, токму таму каде што децата ја учат важноста на секој чекор, збор и насмевка.

Посетата беше исполнета со искрена благодарност, љубопитност, и безброј докази дека добрината секогаш наоѓа начин да стигне таму каде што најмногу треба.

Иницијативата „Од срце за срце повторно го направи она што најдобро го умее – ја приближи грижата до заедницата, на начин што се чувствува, се памети и се враќа.

М Кеш останува посветен на својата мисија – да биде повеќе од финансиски поддржувач, да биде глас на добрината, лице на хуманоста и пријател што се појавува кога најмногу е потребно.

Од срце за срце – затоа што вистинската промена започнува со внимание. А вниманието е најголемата форма на љубов.

 

Ask a question Постави прашање