Пари до дома – нов продажен канал под брендот М Кеш
М Кеш започнувајќи од овој месец ја воведува новата услуга Пари до дома – Мобилен кредитен консултант. Овој канал се разликува од постојните канали кои нудат можност за аплицирање онлајн или со физичко присуство во продавница за пари со тоа што преку новиот канал клиентите ќе можат директно да се јават на телефонскиот број на мобилниот кредитен консултант и да аплицираат за кредит.
На заеднички договорена локација истите ќе можат да аплицираат за кредит и да ги подигнат парите. Ваквиот тип на услуга овозможува клиентите да се грижат за своите секојдневни потреби без при тоа да трошат време за сервисирање и аплицирање за кредит.
Новата услуга е достапна за клиентите во Кочани и населба Аеродром во Скопје, а во наредниот период ќе биде достапна и за клиентите од другите делови на Скопје и градови низ државата.
Во Скопје продавницата Пари до дома се наоѓа на бул. Јане Сандански бр. 70/1-1 (позади ТЦ Бисер, од спротива на Тинекс маркетот), додека во Кочани се наоѓа на ул. Кеј на револуцијата бр. 5/1.