30.12.2016

Почни да штедиш со овие 5 лесни чекори

news article image

Да одвојуваш пари настрана не е секогаш лесно. Причината најчесто лежи во тоа дека не сме научени какода штедиме,и ни недостасува добра стратегија и изградени навики на коитреба да се потпреме во извршување и остварување на финансиските цели.

Сепак најтешкиот чекор што се однесува до заштедата на пари, е да започнеш да го правиш тоа. Нема подобар момент да започнеш да штедиш од почетокот на Новата Година. Затоа ги одбравме овие 5 чекори, кои можат да ти помогнат да изградиш реален и усогласен со твоите можности план, за заштеда.

1 Води евиденција на трошоците

Знаеш ли колку точно трошиш и колкав е износот на твоите месечни трошоци? Започни да водиш евиденција и да запишуваш се ’што трошиш. Во тоа се вклучуваат трошоците кои ги правиш додека си на работа,пример за кафе и ручек, додека си дома и кога излегуваш надвор со пријатели. Води си импровизиран извештај на сите трошоци што ги правиш во период од 1 месец. Кога веќе ја имаш оваа информација,организирај ги трошоците по категории, како на пример: "Трошоци за дома ", "Трошоци за автомобил ”, “Трошоци поврзани со работата ”, “Трошоци за намирници "итн. Откако ќе ги распределиш сумите по категории, види каков е крајниот потрошен износ за секоја категорија. Да имаш целосен преглед каде одат твоите пари и за што, ти овозможува да ги направиш соодветните заклучоци и решенија како да ја промениш распределбата на средствата што ги заработуваш , наспроти трошоците кои правиш. Може да откриеш дека трошиш премногу за работи кои што не се толку важни.

2 Креирај си индивидуален буџет

Сега, кога веќе имаш изградена и јасна претстава колку вкупно изнесуваат твоите месечните трошоци, можеш да почнеш да штедиш и да го создадеш твојот индивидуален месечен буџет. Ограничи се таму каде што правиш непотребни трошоци за работи од кои всушност немаш потреба и однапред планирај колкав износ треба да одвоиш настрана.

3 Планирај го износот што сакаш да го заштедиш

Во индивидуалниот буџет, направи категорија "Заштеди " и буџетирај ја со износот што сакаш да го заштедуваш секој месец. Обидете се тоа да биде во рамките на 10-12% од нето трошоците. Ако е невозможно да заштедиш толку, можеби е време да размислиш како да ги ограничиш трошоците што ги правиш за другите категории од буџетот . Размисли за работи кои не ти се неопходни и дали потрошувачката за нив може да биде намалена. Такви работи се на пример, рестораните за јадење, местата за забава и др.

4 Постави си реални цели и пробај да ги постигнеш

Нема резултат без претходно поставена цел. Одлучи каква сума сакаш да заштедиш и процени колкав период ќе ти биде потребен за да ја постигнеш.

5 Разбери кои се твоите приоритети

Секој човек има различни приоритети кога станува збор за заштеда на средства. Идентификувај кои се твоите приоритети и финансиски цели. Можеби сакаш да заштедиш за одмор, за нов автомобил или стан, или да заштедиш пари за во случај ако останеш без работа. Одлучи сам за себе каква сума можеш да одвојуваш секој месец и за каков временски период можеш да ја постигнеш својата цел. Кога ќе го направиш тоа за секоја твоја цел, подреди ги по приоритети целите и одвојувај пари настрана во согласност со твојот месечен буџет. Важно е да запомниш дека поставувањето на приоритети, значи дека ќе донесеш одлуки. Ако сакаш да се фокусираш на штедењето на одредена сума на пари, на пример пари што ќе ти послужат во случај да треба да бараш нова работа, некои од останатите цели може да ги поместиш во заден план, додека не си сигурен дека се движиш по планот и најважните за тебе приоритети. Следи го прогресот секој месец. Така ќе се придржуваш до твојот индивидуален план за заштеда, и исто така ќе можеш да маневрираш и да правиш промени, каде што е потребно, додека не ја пронајдеш вистинската за тебе стратегија и начин на заштеда.

Ask a question Постави прашање