15.02.2019

Постојано инвестирајте во себе

news article image

Најдобрата инвестиција е во образованието и квалификациите. Оваа инвестиција не губи вредност со текот на времето и може да ви донесе повеќе бенефиции во вид на подвижен имот, акции или банкарски депозити (особено ако се прави без потребните знаења и вештини). Изреката "Дај му на гладниот трска, а не риба " важи и тука. Во сегашните тешки времиња да се потпрете на помош од државата, без да развивате нови знаења и вештини, не е добра опција. Квалитетното образование е "трската ", која ќе ви обезбеди нови можности, кога времињата бараат радикални промени.

Често луѓето кога ќе останат без работа на 40-50 годишна возраст,тоа го прифаќаат тешко и често се откажуваат од барање на работа само по неколку недели.Тоа се случува и во големите и во малите градови.Навистина е тешко да се најде работа во малите места, особено ако станува збор за бизнис кој се затвара во реонот.

Како се справувате со овој предизвик? Потребни се квалитети како флексибилност, адаптибилност кон промените, желба да се учат нови работи, претприемачки дух.

Не е мудро да се потпирате на одамна стекнатите знаења и квалификации, без да вложувате напори да ги збогатувате своите знаења.Тоа нема да ви помогне ако треба да почнете од нула. Навистина, тешко е да се предвиди што може да се случи во иднина, дали ќе ја изгубите сигурната работа. Никој не се раѓа пророк... Но знаците за настанатите промени во економијата, компанијата во која работите или државниот сектор, се забележани од оние кои не сакаат да ја закопаат главата во песок. Доброто образование, активната позиција и свест може да ви помогне да ги "дешифрирате " предупредувачките знаци и навремено да побарате алтернативни решенија за иднината.

Еве ги нашите совети:

"Интелигентно изберете ја професијата "

• Ако сеуште се двоумите во која професионална насока да се насочите, размислете не само за тоа дали ви се допаѓа, но и за идна реализација на пазарот на трудот.

"Учете цел живот "

• Стекнатите знаења во училиште или на универзитет се само "почетокот " на професионалниот пат. Животот е толку динамичен и старееме многу брзо. За да сте добри во она што го правите, потребно е постојана обука и квалификации. Подеднакво важно е да посветите внимание и на другите области на активности, на кои евентуално може да се префрлите со текот на времето.

"Подобрете се со нови знаења и вештини "

• Можете да се запишете на курс по продажба и менаџмент, независно од тоа на која позиција работите, можете да се запознаете со основите на претприемништвото, пред да започнете некој семеен бизнис, да се запишете на курс по некој странски јазик кој е распространет во бизнис круговите (како германски, англиски, или шпански), да научите како се изработува бизнис план.

"Подигнете ја вашата финансиска писменост "

• Вештината да управувате со личните финансии е исто толку важно како и професионалниот развој. Тоа ќе ви помогне не само да се справувате подобро со "секојдневните " трошоци, но и ќе можете поуспешно да ја планирате својата иднина и да обезбедите финансиската стабилност. Иако "личните финансии " не се дел од формалното образование, постојат голем број можности да го збогатите своето знаење во оваа област - има курсеви, онлајн информации, видеа, книги и сл.

Ask a question Постави прашање