Предизвикот за семеен финансиски буџет или како да постигнете успешна финансиска програма
Семејниот буџет често не е утврден од повеќето семејства кај нас. Тоа неизбежно води до непрактично користење на ресурсите, зголемување на расходите и до непредвидени варијации на приходите и расходите.
Ако направите преглед на семејниот буџет за неколку месеци по ред ќе видите каков е неговиот алгоритам, динамика, како и навиките за штедење, трошење, купување и инвестициони вложувања. Ќе можете совесно да ги анализирате различните ситуации во кои потпаѓате под влијние при располагањето со пари. На тој начин ќе почнете да ја развивате својата финансиска писменост во однос на паричните теков, како на личен план така и дома.
Балансирањето на финансискиот буџет е првиот чекор кон така нареченото финансиско здравје. Правилното планирње на семејниот буџет помага за поголема финансиска стабилност, како и за изградба на финансиска култура и правилно управување на личните пари во семејството.
Најважно е прво да одлучите:
- Дали ќе креирате вкупен буџет за целото домаќинство
- Дали секој ќе има свој буџет и остатокот ќе биде заеднички фонд
- Дали секој ќе има свој буџет, сам за себе
Нема многу алтернтиви, но взаемната одговорност е гаранција за рамнотежа, без разлика за која опција ќе се определите .
Други прашања за кои е важно да размислувате се:
- Кои се основите при градење на твојот буџет?
- Кои цели си ги поставувате преку создавање на семејниот буџет - кои ви се долгорочни и краткорочни цели?
- Утврдување на приходите од сите извори.
- Утврдување на трошоците на сите - како што се задолжителни трошоци и трошоци кој имаат приоритет.
- Градење на реални лимити за трошење.
- Мотивација и следење на спроведувањето на семејниот финансиски план.
Семејниот буџет се состои од двс дела и тоа се приходи и расходи.
Во приходи се вбројуваат сите приходи од лични примања. Тоа можат да бидат плата, кирии, дополнителни приходи, пензии, акции и сè што може да донесе приход на семејството.
Во расходи се вклучуваат сите трошоци поврзани со домаќинството, трошоците за храна, облека, лични разходи на секој член од семејството, даноци, осигурување, превоз, забава, трошоците поврзани со децата.
Финансискиот буџет може да се генерира и управува на неколку начини:
Механички - во електронска или печатена табеларна опција, преку пополнување на билансен лист. За оваа цел можат да ви помогнат објектите на Еxcel табелите.
Во овој формат се бележи семејниот дневник на расходите и приходите.Се опишува се рачно, сите трошоци-задолжителни трошоци поврзани со комуналии, важни услуги како имот, телефонски услуги, интернет, трошоци поврзани со децата, храна. Се вклучуваат и други трошоци кои не се од суштинско значење, како и непредвидени трошоци.
Онлајн можете да најдете и многу подготвени варијации на табели за финансиско планирање и семеен буџет, со дополнителни идеи.
Автоматизиран - преку користење на софтвер или подготвена онлајн платформа.
Веќе постојат многу бесплатни софтвери или онлајн базирани програми за управување на личните финанси.Во прилог често има и бонус опции како што е можноста да се следат дати и рокови на редовните и задолжителни плаќања преку потсетници. Ова неминовно се одразува позитивно на трошоците, бидејќи се избегнува плаќањето на камати или се исклучува можноста да ви исклучат некоја комуналија како резултат на доцнење на вршење на уплата.
Онлајн буџетирање. Тоа е современ начин за креирање и следење на буџетот, бидејќи софтверот се наоѓа на интернет и се поврзува директно со банкарските сметки со кои се вршат трансакциите.
Многу е важно буџетот да биде оптимално усогласен со потребите на семејството и секој негов член.
Ако создавањето на еден таков буџет се прифати како предизвик кон сите од семејството ќе се најдат многу внатрешни ресурси за намалување на трошоците или за нивно правилно пренасочување. Исто така може да се бараат дополнителни резерви за зголемување на паричните средства.
Оптимизирање на буџетот се врши на база на свесност за реалните расходи.Неопходна е и финансиската писменост за неговото правилно градење, следење и анализирање.
Неопходно е да се прави постојано следење и авто-ревизија на личниот и семеен буџет. Буџетот се прави секогаш на почетокот на месецот и не треба да го надминува извештајот на трошоците на крајот на истиот. Тој треба да дава реални предвидувања за балансирање на вкупните средства.
50/30/20 е опција која ќе ви заштеди време ако сте ангажирани или ви е тешко да водите буџет. Планирајте 50% од буџетот за редовните плаќања, 30% за т.н. непредвидени трошоци и 20% определете за финансиски цели.
При добро структуриран буџет се постигнува оптимална распределба на парите, каде на прво место се најитните, потоа споредните трошоци и оние за забава и патувања. Така можат да бидат заштедени и пари од различните видови на трошоци.
Финансиски образувани луѓе не ги пополнуваат постојано финансиските дупки, не потпаѓаат под емоционален стрес од финансиски дефицити и може да се справат со непланирани финансиски ситуации. Градењето на правилен буџет дава прекрасни можности за оптимизација на финансиската стабилност.
Со овие совети за градење на семеен буџет М Кеш се надева дека ќе ви помогне да ги користите оптимално своите пари. А во случај на итни или непредвидени потреби и трошоци не заборавај дека М Кеш може да ти помогне.