30.10.2023

Професионалноста пред се: Секојдневието во М КЕШ низ призмата на еден тимски играч

news article image

1.      Накратко раскажи ни за твојот професионал пат во М КЕШ.

Започнав со работа во М КЕШ во Октомври 2018 година на позицијата кредитен консултант, првично во филијалата Палома Бјанка, каде работев заедно со Александра Мишевска. Останавме таму заедно околу 3 месеци, пред да бидам префрлена во филијалата во Кисела Вода поради одредени организациски промени. Иако првично бев разочарана од самото префрлување, со време дојдов до спознавање дека оваа филијала е идеалното место за мене и сега не би ја сменила истата за ништо на светот.

По две години активна работа во М КЕШ, добив унапредување и станав Регионален Менаџер за четири филијали: Гтц (поранешна Филијала Парк), Кисела Вода, Драчево и Аеродром. Оваа позиција ја обавував приближно 6 месеци, но осознав дека ми лежи повеќе улогата на Кредитен Консултант. Затоа по истекот на тие 6 месеци се вратив на мојата претходна позиција. Во текот на следните 5 години, продолжив да работам со иста страст и посветеност.

 
2.      Какви се квалитети треба да поседува еден човек за да го постигне твојот успех?

За да постигне човек успех сличен на мојот, основно е да има цврста верба во себе и своите способности. Вербата во процесот, упорноста при предизвиците, одговорноста кон своите задачи и сигурноста во своите одлуки се клучните квалитети. Секоја личност треба да ги развива и негува овие карактеристики бидејќи тие не само што водат до професионален успех, туку и до лично задоволство и реализација.

 

3.      Што најмногу ви помогна во постигнувањето на вашите резултати и развојот на вашата кариера во компанијата?

 -   Приоритети и цели за извршување на работните задачи .

-   Надградувањата на моите знаења

-   Фокусот кон работата

-   Прифаќањето на предизвиците

 

4.      Како се промени компанијата во последните години? Раскажи ни повеќе за успесите на М КЕШ.

 Во последните години, М КЕШ претрпе значителни промени и воведе новитети. Една од најзначајните промени која ја обележа нашата компанија беше отворањето на првите физички продавници за пари пред точно пет години. Ова беше голем чекор напред и показател за нашата амбиција и визија за иднината.

Не само што воведовме нови услуги и производи, туку и постојано инвестираат во развојот и образованието на сите вработени. Редовно организираме обуки со цел да ги надградиме нивните вештини и знаења, верувајќи дека нашите вработени се срцето на нашата компанија.

Секогаш сме отворени за повратни информации и критики од нашите клиенти и вработени. Тие ни помагаат да се усовршиме и да ги исправиме нашите грешки. На крајот на денот, нашата примарна цел е да бидеме најдобрите во она што го правиме и да обезбедиме највисок квалитет на услуга за нашите клиенти.

 

5.      Што ве мотивираше во вашата работа низ годините?

Задоволството на завршената работа , среќните клиенти  и постигнатите цели кој сама си ги задавав со текот на годините. Пронаоѓање на причините и предизвикот за истите . И , кога сфатив дека невозможното станува возможно сфатив кој е мотивот на работата.

 

6.      Што би ги посоветувале колегите кои сега се приклучуваат во тимот на М КЕШ, како до постигање на што поголеми успеси во компанијата?

 Пред се да бидат свои и да веруваат во самите себеси . Секој е свој на посебен начин . Да бидат добри слушатели и своето знаење да го применуваат . Да го дадат максимумот од себе , а за сето тоа компанијата ќе го награди. Енергијата да им е посилна страна , да бидат пријатели пред се . Зголемениот напор ќе доведе до зголемен успех , а дадениот труд до поголем резултат. Сакам да порачам една порака до сегашни и следните колеги , бидете добри луѓе и гледајте пред себе, а позади себе помагајте на другите .


 

Бојана Стојанова - кредитен консултант во М КЕШ

 7.      Кои сметаш дека се твоите лични посебни квалитети кои ги применуваш на работното место?

Можам да кажам за себе дека сум премногу комуникативна , што верувам дека и другите би се согласиле . Можеби порано не бев целосно отворена за критика и за совет , но со тек на годините разбрав дека од овие две клучни страни се учи и се станува се подобар човек . Добар слушател сум  и борец . Резултатите сами по себе не доаѓаат тоа е факт ,но ако малце повеќе се дадеме себеси и се ставиме на праг каде што ќе учиме , ќе се надградуваме  стануваме се подобри во извршувањето на работните задачи . Спомнав дека сум борец ....ДА и тоа голем кој никогаш ама баш никогаш се немам откажано . Она недостижното за мене секогаш е било водилка  во работата .Со добар план , добра организација  тим кој што е позади мене, а и јас до нив го постигнувам тоа ‘’невозможното’’.Секој чекор самиот треба да го изодиш за да стигнеш до целта.

 

8.      Можете ли да ни дадете пример за тоа како се реализираат компаниските вредности во твоето работно секојдневие?

Замисли дека зад секоја врата се кријат вредности , е така е и овде во нашата врата наречена М Кеш која ги крие сите достижни и возможни вредности за една компанија. Имаме голема визија , која се сведува на резултат. Се разликуваме од сите по тоа што сме компанија со голем рејтинг , компанија која не мирува - напротив работи неуморно секојдневно . Зададената цел без разлика дали е тешка ко планина или лесна како вода ,за нас е достижна. Пак ќе кажам дека со цел , план и работа се постигнува се . Одговорноста, човечноста и иновативноста се нашите водечки компаниски вредности од кои ние се водиме.

 
9.      Дали постои книга која ти помогнала во твојот професионален развиток?

Иако сум голем обожавател на книгите и често црпам инспирација и знаење од нив, не можам да издвојам една специфична книга која директно влијаела на мојот професионален развиток. Сепак, она што ми помогнало најмногу во мојата кариера е комуникацијата и интеракцијата со луѓето околу мене. Секојдневните разговори, искуства и совети кои ги добивам од колегите, соработниците, клиентите и другите околу мене беа клучни за мојот личен и професионален раст.

10. Дали има колега кој ти помогнал и те поддржал во твојот професионален развиток?

Да има , тоа се луѓе на кој што секојднeвно можам да се потпрам , да побарам совет и да дадам. Но , најважно од се е обостраната поддршката која што секојдневно си ја даваме едни меѓу други . Помагањето , советите и дружбата се секојдневие во нашата компанија.

 

 11. Што е за тебе М КЕШ?

За мене, М КЕШ не е само работно место или обична компанија. Тоа е место каде се чувствувам како дома и каде секој индивидуалец е ценет и почитуван.  На нашиот последен Тим Билдинг, директорката Бјанка Катру го опиша најдобро со реченицата: "Ние сме Фамилија, наречена М Кеш". И вистински, оваа компанија е составена од тим од борци, експерти, поддржувачи и пред сè, пријатели кои се поддржуваат меѓусебно. 
М Кеш е симбол на солидарност, професионализам и непрекината желба за напредок. Тука, секој успех е вреднуван, секоја препрека е премината и секој член на тимот е клучен дел од нашата непобедлива сила.

Ask a question Постави прашање