24.04.2017

Пролетено реновирање - идеи, инспирации и олеснувања

news article image

Пролетта е насекаде околку нас, се ’ е поживо и посвежо.
И бидејќи ова е најпогодната сезона за поправки или освежување на домот, време е да размислите за нови внатрешни решенија. Може да направите само пролетно чистење и да се ослободите од стариот мебел, заменувајќи го со нешто ново и современо. А доколку во вас живее дух на уметник имате алтернатива да му дадете нов живот на просторот со бојадисување или претапацирање. Друга опција е да направите мал освежителен ремонт со бојадисување на неколку ѕидови. И не на последно место е варијантата да се свртите со главата напред и започнете целосно преуредување на домот.
Алтернативата која ќе ја изберете целосно зависи од времето и финансиите со кои располагате. Ние ќе ви дадеме неколку ситни идеи прилагодени на модните трендови, кои ќе ви бидат корисни без разлика за која варијанта ќе се одлучите.

Кујна / Дневна соба
Поканете ја пролетта прво во кујната со мала естетска поправка. Ова е просторијата во која поминувте голем дел од времето со семејството.
Трендовите во дизајнот оваа година покажуваат дека зелената боја е една од најновите модни трендови за дневната соба. Зелената е боја која смирува. Многу психолози препорачуваат при висок напор во работата да се прават кратки паузи, преку гледање во зелен пејсаж. Затоа не е никакво изненадување што оваа боја се препорачува како погодна за дневната соба. Место кое е наменето да се одморите и да се релаксирате со семејството по напорниот работен ден. Така што свиткајте ги ракавите и бојадисајте го омилениот ѕид во зелена боја. Или едноставно ставете зелен акцент преку нова ролетна или завеси во зелена боја.
Ако бојадисувањето на ѕидовите не ти е неопходно може само да го преуредите мебелот и да ги исфрлите сите непотребни работи. За крај декорирајте со мали детали како вазна со убави пролетни цвеќиња и пролетни прекривки со цветни мотиви. Тоа е другиот "крик на модата ", кој во комбинација со зелената боја ќе ја направат дневната соба навистина модерна.
За поголемо реновирање се предлага нова кујна, заедно со апарати за домаќинство. Чувството за нешто сосема ново е неспоредливо. Но, буџетот за таков вид на реновирање е значително повисок.

Бања / Тоалет
Пеперутки! Ова се најновите трендови за декорација на бања или тоалет. Тие се симбол на величественост и оптимизам и носат многу пролетно расположение со себе. А и многу лесно можат да се користат како декорација за едноличните плочки. Потребни ви се само неколку налепници на убави пеперутки. Така ќе дадете нов живот на старата бања.
Ако се одлучите да направите посериозна поправка на бањата, тогаш можете да се одлучите за мермер или плочки кој се имитација на мермер. Мермерот дава софистициран изглед на просторијата и може да се вметне во секој стил. Аристократските одлики на овој камен го прават најпосакуван од многу дизајнери, а оваа година го ставаат и на прво место меѓу склопот материјали за обложување на бањи и тоалети.

Гостинска соба
Дојде ред и на гостинската соба, ако располагате со таква. Не е неопходно бојадисување на сите ѕидови, освен ако одамна не е реновирано. Mожете да насликате еден ѕид со цветен дезен и да додадете декоративни елементи кои ќе бидат во склад со цветните тонови на твојот ѕид.
Друга пријатна и лесна за спроведување идеја, особено погодна за помали простории, е огледалото. Ставањето на едно огледало може да направи сонцето насмеано да влезе во домот со своите пролетни нијанси и да се прошири просторот.
Преуредување на мебелот исто така може да даде дополнителни површини. Ролетните би ги замениле завесите и просторот ќе делува елегантно и модерно. Тука може да се најде место и за неколку саксии со пролетни цвеќиња. Меки перници во пролетни тонови ќе допринесат за уште поголем пролетен комфорт.
Спална соба
Овде е важно да размислувате за мирот и квалитетот на сонот.
Ако ви се финансиите при крај и немате можност да правите големи промени во оваа соба, тогаш една нова постелнина ќе биде доволно да се донесе нова свежина. Само не заборавајте дека е пролет и одлучете се за свежите тонови.
Промената на душекот на неколку години е гаранција за здравје и одличен сон. Затоа не го игнорирајте овој важен детал.
А ако сакате да го промените не само душегот, туку целата спална соба, тогаш порачајте си ретро спална со тапацир. Овој стил се враќа со полна сила и нема намера да го отстапи своето место во модните трендови за оваа година.
Конечно да разговараме за ѕидовите. Тапетите долго време беа на заден план. Но, во последно време се повеќе се користат, особено што се однесува до спалната соба. Дали еден или сите ѕидови - тапетот дава префинетост на просторијата и одлично одговара во комбинација со тапацирана спална соба.

Детска соба
Тука задачата е лесна. Детската соба може да ја освежите со различни пролетни цртежи, со што би заштедиле дел од предвидениот буџет. Дури и едно зелено катче ќе придонесе дефинитивно за пролетно расположение во нивниот оазен свет.

Ходник
Ходникот е едно од најважните места во домот - тоа е визит картичка на домот. Затоа дозволете свежите пролетни тонови да завладеат и тука. Важни са акцентите - локално осветлување, слика со пролетен мотив или вазна со пролетни цветови.

При одлучувањето за поголем поправка постојат неколку основни работи што може да ни заштеди многу недоразбирања и непотребно емотивно оптоварување.

  • Со каков буџет располагате? Најдобра опција е средствата да се предвидени во семејниот буџет. Ако сепак буџетот не е доволен, тогаш останува варијанта за заем. Можностите за подигање на кредит за поправки, исто така треба да биде осмислена правилно и однапред. Бидејќи варијантата за позајмица на средства од роднини и познаници не секогаш се покажува како најповолна... J
  • Какво реновирање? Или поточно што ќе се одлучите да правите и како - освежување со естетска цел или поголем ремонт.

Првиот чекор е собирањето на понуди за сè што ќе подлежи на поправка. Се собираат понуди и препораки од неколку извори. Убаво е да се бараат понуди од неколку мајстори или фирми. Понудите да содржат гаранција, фиксна цена и краен рок за исполнување. Понудите е пожелно да бидат со дефект за материјали и за работа одделно. Може да направите консултација и во хипермаркети за градежни материјали.
Важно е да имате во предвид дека при низок буџет за поправки е можно дополнително да се појават компликации во однос на цената, квалитетот на материјалите, квалитет на поправка или почитување на роковите.
Со овие совети М Кеш ти посакува една свежа и исполнета со сонце пролет. А ако имаш потреба од поддршка за својот поправка не заборавај дека можеш да се потпреш на М Кеш.

Ask a question Постави прашање