Прославуваме деценија успех – Благодариме што сте со нас!

Со голема гордост ја започнавме нашата иницијатива „Од срце, за срце“ токму со оние што секојдневно ја носат хуманоста во срцето – нашите вработени. Заедно, дониравме 180.000 денари за Одделот за детска хематологија и онкологија при Клиниката за детски болести – Скопје.
Ова не е само донација – ова е порака дека зад секој наш успех стојат луѓе со големо срце. Вработените на М Кеш се двигателот на нашата мисија. Тие се тука за клиентите, за заедницата и за секој што има потреба од поддршка.
Во овие 10 години изградивме повеќе од компанија – изградивме семејство од над 220 луѓе, кое секој ден делува од срце, за срце.
Овој значаен гест е симбол на нашата благодарност и посветеност кон заедницата. Веруваме дека хуманоста и солидарноста се вредности што треба да ги негуваме секој ден.
Во изминативе 10 години изградивме компанија со над 220 вработени и 56 продавници, која се грижи за клиентите, поддржува и донира.
Благодарност до сите кои беа дел од денешниот настан, до нашите соработници, клиенти и вработени – вие сте срцето на М Кеш.
Продолжуваме со уште поголема енергија, посветени на тоа да правиме разлика – од срце, за срце.