28.06.2018

Проверете каков тип на потрошувач сте, според начинот на кој трошите пари?

news article image

Како и речиси сè друго во животот, вашиот став кон парите во голема мера е диктиран од вашата личност.

Разбирањето на односот кон вашите пари и вашите потрошувачки навики е првиот чекор кој ќе ви помогне да го обликувате вашиот пристап кон трошење, заштеда и инвестирање.

Значи, каков вид на потрошувач сте наспроти начинот на кој трошите?

Прочитајте за да разберете:

Каков тип си точно?

Типовите на потрошувачи се анализираат на различни начини, и многу луѓе можат да се идентификуваат со аспекти на повеќе профили.Клучот е да се најде профилот кој најдобро одговара на вашето однесување.

Главните профили се:
Трошаџии, штедачи, купувачи, должници и инвеститори.

Трошаџии- Трошаџиите сакаат убави автомобили, нови работи и брендирана гардероба. Тие обично не се разумни купувачи, тие се модерни и се обидуваат да се издвојат. Ова често значи дека сакаат да имаат најнов мобилен телефон, најголем и понов телевизор. Овој тип на корисници сакаат да трошат пари, не се плашат од обврските, и честопати преземаат големи ризици при инвестирањето.

Штедачите- тие се токму спротивното од трошаџиите. Тие ги исклучуваат светлата кога ја напуштаат собата, брзо ја затвораат вратата на фрижидерот за да не излезе студ, купуваат само кога е неопходно и ретко прават купувања со кредитни картички. Тие обично го избегнуваат долгот. Штедачите не се заинтересирани да ги следат последните трендови и добиваат поголемо задоволство од читањето на каматата на банкарскиот извод отколку од стекнувањето на нешто ново. Штедливите типови се по природа конзервативни и не преземаат големи ризици со нивните инвестиции.

Купувачите - Купувачите добиваат големо емотивно задоволство од трошењето пари. Тие често не можат да му одолеат на нивниот импулс дури и ако сакаат да купат стоки што не им се потребни. Тие обично се свесни за нивната зависност и се загрижени за нивната должност. Тие бараат поволни услови и се среќни кога ги наоѓаат. Купувачите се еклектични во однос на инвестирањето, но за сметка на тоа сакаат да имаат корист од промотивните трансакции и флексибилните алатки кои им ја даваат слободата,кога имаат потреба. Ако се препознаете во овој профил, M Cash е создадена само за вас. Со 70.000 денари, можете безбедно да ја задоволите вашата потреба да купувате тука и сега. Можете да ги искористите повеќето корисни понуди и промоции. Без разлика дали сакате да го искористите намалувањето во трговскиот центар, да купите телевизор, кој е на промоција или едноставно да затворите некој изненадувачки голем трошок - М Кеш е на твое располагање. И доколку аплицирате прв пат во М Кеш, имате среќа. Сите кредити до 12.000 денари за нови клиенти се одобруваат под промотивни услови - 0% камата! Што чекате? Пополнете го овој формулар за апликација и ве делат само неколку минути од задоволстовото да купувате.


Должници - Должниците не се обидуваат да се докажат на другите со нивните трошоци и не купуваат за забава или уживање. Тие едноставно не трошат многу време размислувајќи за своите пари и затоа не зборуваат за она колку трошат и на што трошат. Должниците обично трошат повеќе отколку што заработуваат и се длабоко задолжени, и не прават многу напор да инвестираат.

Инвеститори - Тие ја разбираат нивната финансиска ситуација и се обидуваат да ги инвестираат своите пари мудро. Без оглед на нивната моментална финансиска состојба, инвеститорите имаат тенденција да бараат момент кога пасивните инвестиции ќе обезбедат доволен приход за покривање на сите сметки. Акциите на инвеститорите се водени од внимателно донесување одлуки, а нивните инвестиции ја одразуваат потребата да преземат одреден ризик во остварувањето на своите цели.

Ако се препознавте во некој од овие профили, размислете како можете да ги искористите сите овие карактеристики од личноста во твоја полза и да го извлечете максимумот од нив.

Трошаџиите е добро да потрошат малку помалку и да размислуваат за заштеда и инвестирање.

Штедачите мора да бидат малку поумерени во нивните акции и управување со парите. Тие не треба да ги одвраќаат радостите на животот и добрите моменти, само за да заштедат некоја пара.

Купувачите треба да научат да ги трошат мудро сите средства што ги имаат - сопствени и позајмени. Потребно ни е паметно управување со кредитите и добар избор на соодветни распореди за плаќање или кредитни и дебитни картички. Добро е да се направи јасно диференциран буџет и да се алоцираат паричните текови најпотребно.

Должниците треба да почнат да инвестираат за да обезбедат подобра финансиска иднина.

Ask a question Постави прашање