Тој скап, лош грип
Идилична слика на златни листови, танцување на ветрот и топли капи, под кои се појавуваат насмеани лица, се една прекрасна есенска слика.Одите на прошетка во паркот , а потоа ве очекува загаден воздух во градскиот транспорт или колегите во канцеларијата со вечно затворените прозорци. Идеална средина за пренесување на грип и други вируси. Освен со непријатни физички искуства, тие се поврзани и со сериозни трошоци врз буџетот.
Општо земено, најлошото што можете да направите е да не земате никакви заштитни мерки и да се надевате да помине само од себе. Тоа нема да се случи, затоа - бидете финансиски подготвени.
За лесни случаи
Трошоците за еден "индивидуален " грип или друга вирусна инфекција може да се ограничат до 3000 денари. Когаќе тргне по синџирот на целото семејство, работите стануваат доста сложени и може да ве чинат колку една минимална плата. Најлесните случаи, кои ги нарекуваме едноставно "настинка ", започнуваат вака:
Растворливи кесички - 10-12 примероци за 600 денари, во зависност од брендот и активните состојки. Слична е цената на таблетите, но ако изберете такви со екстра дејство - на пример екстракти од растенија за зајакнување на имунитетот, цената може да стигне 1800 денари. Во случај каде не сте го пресекле грипот на време , доаѓаат на помош спреј / капки против настинка ( до 500 денари), сируп / спреј за кашлица (900 денари.). Со многу мали деца одиме и кон комплет за промивање на затнат нос, чија цена оди над 1200 деанри. Се разбира, тие не се задолжителни и може да користите само обични капки (околу 300 деанри.), А добра опција за сите возрасти се Спрејовите со морска вода. Цената се движи од 120 денари до над 900 денари.
Забележуваме дека многу родители користат речиси постојано спрејови и прават инхалации и мислат дека така се спротистават на вирусите. Како на се останато и на тоа станува организмот имун, а и нема сигурни докази за ефектите. Најдобро е секој препарат да се користи тогаш кога е навистина потребно.
Кон "тешкиот " дел
Од гледна точка на буџетот, лошото на "семејниот " грип е дека малите деца не можат да употребуваат лекови за возрасни, - множете ги трошоците приближно два пати. Ако состојбата не се подобри опипливо ден-два по земањето на кесичката, сирупи и спреј - нужно одете на лекар. На лекар се оди веднаш при висока температура на децата, при долготрајно висока на возрасните, при постојана кашлица и силна замор.
Штом сте стигнале до лекар голема е веројатноста да ви препише антибиотик (барем еден). Таму веќе цените растат, а можност за избор немаме - еднен сируп изнесува 900 денари. Досега сме на минус барем 3000 деанри , и тоа за кратко боледување. Антибиотикот веќе е речиси задолжително да се комбинираат со пробиотик - уште барем 200 денари. Минимум, а најскапите надминуваат 600 денари.
Да ги избегнеме бацилите
Со два збора - грипот може да е сериозен трошок. Како да го избегнеме? Превенцијата е најдобриот третман, но за жал сеуште нема универзална и сигурна вакцина. Подобрување на имунитетот, избегнување на контакт со болни и проветрување на просториите се со докажано превентивно дејство. Слично и дури подобаро дејство од прашаците за настинка и спрејовите може да имаат билните чаеви - за бронхитис, воспалено грло. Цената им е од 120 денари за најскапите варијанти. Додаваме мед и лимон, комплетен храна и овошје. Свеж ѓумбир уништува многу од бактериите одговорни за воспалението и има затоплувачко дејство. Цената е пристапна, освен тоа освежува пријатно. Шипка, кои може да ја берете и сами, се одличен извор на Вит. Ц, од неа се приготвува и многу убав чај.
Многу е важно по летото да не престанете со јадење на свежо овошје и зеленчук и да се храните разновидно. Не прекинувајте со прошетка на чист воздух - Швеѓаните велат дека нема лошо време, има несоодветна облека. Мала трик за да ги ограничите заразите од јавниот транспорт е да си ставате шал и да дишете низ него. Перете го често и мијте ги често рацете. И нека претстојната зима биде снежна и здрава!