07.06.2024

Tribute Concert Tose Proeski: Еден Ден Посветен на Легендата

news article image

Штип, Македонија - Во срцето на Штип, во Домот на млади, се одржа настанот на кој градот го чекаше - Tribute Concert Tose Proeski. Овој концерт се претвори во еден ден исполнет со емоции, спомени и најважно од сè, музика која ги допре сите срца.

Спонзориран од М КЕШ, настанот не беше само концерт, туку и ден на споделување на спомени за вечниот Тоше. Со почеток на крводарителската акција во 10 часот, граѓаните имаа можност да учествуваат во оваа хуманитарна акција и да донираат крв во име на љубовта кон музиката и спомените на Тоше.

Од 19:00 часот, почетокот на главниот настан, филмот "Једини" ги привлече сите присутни, пренесувајќи ги прекрасните и впечатливи моменти од животот и кариерата на Тоше. Следеше вистинскиот врв на вечерта - концертот кој ги исполни сите срца со магичните музички звуци и спомени кои никогаш нема да ги заборавиме.

На сцената се појавија одлични звезди кои го исполнијаат Штип со енергија и емоции, предводени од големите имиња во македонската музичка естрада. Публиката, со восхит и воодушевување, ги проследи настапите,пресликувајќи се во незаборавни моменти од музичката кариера на Тоше.

Сите присутни, од најмладите до најстарите, беа обединети во љубов кон музиката и спомените на Тоше. Со пуните срца и исполнети со емоции, граѓаните на Штип, заедно со М КЕШ, го создадоа овој специјален момент посветен на нашата најголема музичка легендата.

М кеш им се заблагодарува на сите кои учествуваа и на оние кои овозможија овој настан да биде исполнет со прекрасни емоции и славање на спомени.

Ask a question Постави прашање