23.06.2022

Велосипедот го прави животот подобар

news article image

Без разлика дали ќе одберете да возите велосипед за рекреација или како превозно средство до работа, возењето велосипед има голем број здравствени придобивки. Искористувањето на слободно време возејќи велосипед може да ја подобри физичката сила, да помогне во губењето килограми, да го зајакне имунитетот, па дури и да направи луѓето генерално да се чувствуваат посреќни и поисполнети. Еве 6 причини зошто возењето велосипед е добро за вас!

Ги зајакнува мускулите

Возењето велосипед е еден од најдобрите форми на физичка активност и ви овозможува да ги зајакнете мускулите на нозете, без притисок од одење во теретана или инвестирање во домашна опрема за вежбање. Сепак, за разлика од аеробните активности како што е трчањето, возењето велосипед е многу подобра опција за вашите зглобови.

Го подобрува кардиоваскуларното здравје

Возењето велосипед носи многу придобивки за кардиоваскуларниот систем. Оваа активност го зајакнува срцето, го стабилизира пулсот во мирување и ја зајакнува циркулацијата во телото. Возењето велосипед е одличен начин за подобрување на кардиоваскуларната кондиција, помага во согорувањето на калориите, што може да придонесе за губење на тежината. Елементот на отпор при возење велосипед помага и во градење и тонирање на мускулите, подобрувајќи ја вашата севкупна кондиција.

Влијае на доброто расположение

Истражувањата покажувааат дека возењето велосипед не само што го подобрува расположението, туку може да доведе и до подобрување на самодовербата и самоконтролата. Општо е познато дека престојот во природа позитивно влијае на човечката психа, а кога ќе вклучите физичка активност, доброто расположение е загарантирано. Редовното возење велосипед ја зголемува енергијата и расположението, ги прави луѓето поактивни, здрави и среќни.

Го намалува стресот, депресијата и анксиозноста

Умерено интензивните вежби како што е возењето велосипед се покажа дека го намалуваат нивото на стрес, како и симптомите на депресија и анксиозност. Социјалната страна на возењето велосипед може да биде уште една причина зошто тој е толку корисен за менталното здравје. Велосипедистите често се среќаваат со други за да возат заедно во група или можат да се приклучат на велосипедски клуб. Позитивните ефекти од возењето велосипед врз нарушувањата на менталното здравје се толку импресивни што општите лекари даваат совет да се користи велосипед како дел од терапијата.

Го зајакнува имунолошкиот систем

Повеќето луѓе знаат дека јадењето повеќе овошје и зеленчук може да помогне во одбраната од болести, но истражувањата покажуваат дека велосипедот може да го стори истото. Умерено возење велосипед ( до 60 минути на ден), ја подобрува функцијата на имунолошкиот систем и метаболичката активност. Ова е уште поважно бидејќи е поддржано од медицинските упатства, кои препорачуваат најмалку 30 минути физичка активност, најмалку 5 дена во неделата, за да се подобри целокупното здравје.

Грижа за животната средина

Возењето велосипед не само што е добро за вашата физичка благосостојба, туку е корисно и за животната средина. Изборот на велосипед како превозно средство помага да се создаде помалку загаден воздух, што е од голема важност за срцето и белите дробови.

 

Грижејќи се за вашето здравје и животната средина М Кеш ова лето доделува 10 велосипеди. Топлите летни денови се идеални за возење велосипед затоа не ја пропуштајте можноста да бидете дел од тековната промоција “Земи М Кеш и вози цело лето“. 
Аплицирајте онлајн на www.mcash.mk, телефонски на 02/ 51 15 000 секој работен ден од 08:30 - 19:00 часот и сабота од 10-17ч. или посетете не во Продавниците за Пари на 43 локации низ земјата. Професионалниот тим на М Кеш Ве очекува!

Ask a question Постави прашање