02.06.2025

Во јуни, боите добиваат поинаков сјај.

news article image

Се спојуваат детска смеа, љубопитни погледи и мали рачиња што оставаат големи траги.

Оваа година, по повод Меѓународниот ден на детето, компанијата М Кеш го прогласи јуни за Месец на детето – период посветен на радоста, креативноста и детската имагинација. Во рамки на оваа иницијатива, М Кеш специјално изработи боенки за најмладите, инспирирани од нивниот шарен свет и безгранична фантазија.

Со боички во рацете и листови исполнети со ликови, животни и сончеви денови, децата го обоија светот по свои правила. Секој цртеж носеше приказна, а секоја боја – емоција.

Возрасните само набљудуваа и учеа – колку малку е доволно за вистинска среќа.

Нека јуни биде потсетник дека светот е поубав кога ќе му дадеме простор на детето во нас да нацрта уште еден сон.

Бојадисувањето продолжува – боенките на М Кеш за најмладите, можете да ги најдете во Продавниците за пари М КЕШ 

Ask a question Постави прашање