17.06.2025

За подобро утре „ Од срце за срце“

news article image

Под слоганот „Од срце за срце“, М Кеш ја реализираше новата општествено одговорна активност во рамки на регионалната хуманитарна иницијатива, насочена кон помош на семејства кои се соочуваат со тешки животни околности.

Овој пат, нашето срце нè одведе во градот Гостивар, каде ја спроведовме хуманитарната акција за пет социјално загрозени семејства. Секое од овие семејства носи своја тажна приказна – приказна на борба, на надеж, и на достоинство. Со длабоко разбирање за нивните потреби, подготвивме пакети со основни прехранбени продукти кои за нив значат многу повеќе од само храна – значат гест на човечност, грижа и подадена рака во вистински момент.

Хуманоста не е обврска – таа е избор. А ние, во М Кеш, одбираме да бидеме таму каде што треба, тогаш кога е најпотребно. Веруваме дека секоја добра намера има моќ да промени нечии денови, а можеби и живот.

Ги слушнавме нивните зборови, видовме насолзени очи и искрени насмевки – и тоа ни беше нашата најголема награда. Затоа продолжуваме, охрабрени и благодарни што можеме да направиме разлика – макар и мала – за некого.

Од срце за срце е ветување, дека и понатаму ќе се бориме за подобро утре, за похумано општество, за подадена рака таму каде што е најпотребна.

Ask a question Постави прашање