Забавни активности за пензионери и внуци
Кога луѓето ќе заминат во пензија имаат повеќе слободно време да прават работи кои ги исполнуваат и прават среќни. Повеќето пензионери одбираат своето слободно време да го поминат со своите внуци. Бабите и дедовците се вреден ресурс затоа што имаат толку многу приказни и искуства од сопствениот живот да споделат. Тие се трет родител, учител и пријател на своите внуци. Пензионерите најчесто се чувствуваат осамени, но со присуството на своите внуци се чувствуваат социјално исполнети. Ако сакате креативно да го поминете денот со вашите внуци, еве неколку идеи што можат да предизвикаат инспирација.
Поминете го денот во парк- Ако сакате да поминете време со внуците надвор, однесете ги во вашиот локален парк. Паркот е одлично место за посета каде можете да се опуштите додека децата си играат наоколу. Можеби е и добра идеја да понесете и храна со вас за да можете да имате пикник заедно.
Гответе заедно- Готвењето со внуците е секогаш забавна активност затоа што децата сакаат да бидат во кујната. Тоа е добар начин да ги научите децата на нови лекции. Дали ќе правите колачиња или торта, бидете сигурни дека децата ќе се забавуваат низ целиот процес.
Интерактивно читање- Нема ништо позначајно за едукација на детето од љубовта кон пишаниот збор на мала возраст. Без разлика дали ќе ги прочитате заедно најновите книги за деца или сликовници, ќе ги запознаете со важноста на читањето и ќе формирате силна врска што ќе остане со нив како носталгична меморија.
Прошетка во природа- Уживајте во свеж воздух заедно. Децата сакаат да гледаат птици, дрвја и да поставуваат прашања за нивната околина.
Посета на зоолошка градина- Една од популарните активности што можете да ги направите со вашите внуци е да посетите зоолошка градина. Бидејќи најверојатно ќе биде целодневен настан, ќе имате многу време да уживате во нивното друштво додека правите неколку убави спомени.
Научете ги на хоби - Без оглед на кој вид хоби преферирате- од риболов до плетење можеби е забавно да им ги покажете техниките. Сигурно ќе ги научите на вештина што ќе им помогне во текот на животот. Севкупно, тоа е одличен начин да го поминете времето додека формирате врска што ќе биде посебна за вас.
Загатки и игри- Ништо не е подобро за меморија и когнитивен развој на младите и старите затоа играјте заедно карти, меморија или шах.
Градинарство- Градинарството со внуците не е само одлична активност на отворено, туку ќе ја подучите и следната генерација за тоа од каде доаѓа нашата храна и важноста на екосистемите. Тоа ќе им даде можност на децата да се извалкаат, додека ви помогаат да ја завршите работата. Тие можат дури и да научат да сакаат свеж зеленчук надвор од градината, што е дополнителен бонус.
Поглед кон минатото- Отворете ги старите албуми на семејни фотографии и споделете сеќавања. Многу деца уживаат да слушаат за животот во старите времиња и се фасцинирани да дознаат каков бил животот кога баба и дедо биле деца.
Поврзувањето со најмладата генерација во семејството носи чувство на гордост и среќа. Дружбата со внуците освен што ја зголемува когнитивната активност, ја зголемува и енергијата, а го намалува стресот, ризикот од Алцхајмер и депресија. Со тоа што ќе им посветите повеќе време можете да формирате спомени што ќе траат цел живот.
Производите на М Кеш се концепирани имајќи ги во предвид и потребите на граѓаните од трето доба, затоа доколку имате потреба од дополнителни финансии не двоумете се да аплицирате, М Кеш е секогаш тука за вас.