Featured job
ТОКМУ ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ
Работи како Кредитен Консултант
За да станете Кредитен Консултант, потребно е да бидете комуникативни и амбициозни. Нема ограничувања за пол, возраст, образование и работно искуство 18+
Аплицирај
Job image

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ТРГОВСКИ МАРКЕТИНГ

  • Град Скопје
  • Краен рок 19.07.2024
  • Референца #Специјалист за трговски маркетинг #1

Финансиско друштво М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје е водечка небанкарска финансиска институција во Македонија, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити. Компанијата е дел од Management Financial Group (MFG), меѓународна групација која обезбедува финансиски услуги во повеќе земји како што се Бугарија, Хрватска, Шпанија, Украина, Романија, Полска, Чешка и Македонија.

ФД М КЕШ Македонија се истакнува со својот иновативен пристап и брза експанзија, како преку онлајн услугите, така и преку директната услуга во нашите Продавници за пари. Како резултат на посветената работа и одржување на позицијата на пазарот, компанијата продолжува да биде лидер во секторот на небанкарските финансиски услуги во Македонија.

Поради растечките потреби и амбиции за понатамошен развој, ФД М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје има потреба од Специјалист за трговски маркетинг кој ќе ни помогне во остварување на нашите цели и подобрување на нашите маркетинг активности. 

 

Опис на работни задачи за Специјалист за трговски маркетинг:

  • Планирање на сите оперативни маркетинг материјали, сувенири и сл.
  • Пакување и организирање на маркетинг материјали, бонус и лојална програма.
  • Организација на испорака на маркетинг материјали и промотивни производи од централен магацин до продажни места и клиенти.
  • Проверка на фактичката состојба на маркетинг материјалите при предавање на истите.
  • Контрола и распоредување на маркетинг материјали за навремена испорака на материјалите
  • Изготвување понуди за тендери во согласност со тендерската постапка
  • Редовна проверка на состојбата на маркетинг материјалите и известување за недостатоци, дефекти или проблеми со испораката.
  • Следење на насоките и стандардите за комуникација со клиенти при процесот на испорака на маркетинг материјалите или собирање најмалку три понуди по барање за изработка на артикли.
  • Координирање на процесот на утовар и истовар на маркетинг материјалите.
  • Помагање при утовар и истовар на маркетинг материјалите од/во возилото.
  • Организирање и контрола на процесот на снабдување и логистика на документи и рекламни материјали до Продавниците за пари.
  • Одржување контакти со добавувачите и рекламните агенции за договарање на условите за нарачки за материјали.       
  • Проверка на маркетинг инвентарот и навремено информирање дококолку е потребна дополна на истоимениот.                                 

 

Потребни квалификации:

  • Високо образование од областа на маркетинг, бизнис или слично.
  • Компјутерска писменост и вештини: MS Office и други софтверски производи специфични за професијата.
  • Одлично познавање на англиски јазик.
  • Возачка дозвола.

 

Очекувани способности и вештини:

  • Напредни комуникациски вештини.
  • Способност за работа на повеќе проекти и менаџирање на сопственото време.
  • Организираност и Посветеност.
  • Професионалност, одговорност и лојалност.
  • Самоиницијативност и ориентираност кон остварување на резултати.
  • Способност за работа во тим и самостојност во извршувањето на задачите.
  • Проактивен пристап и креативно размислување.

 

Ние нудиме:

  • Конкурентна плата.
  • Приватно здравствено осигурување.
  • Можности за професионален развој и обука.
  • Работа во динамично и позитивно работно опкружување.

 

Испратете го вашето CV или мотивационо писмо на careers@mcash.mk и  bjanka.katru@mcash.mk

 

Job image

КРЕДИТЕН КОНСУЛТАНТ ВО СКОПЈЕ, ПРОДАВНИЦА ЗА ПАРИ - ИЛИНДЕН

  • Град Скопје
  • Краен рок 18.07.2024
  • Референца #КРЕДИТЕН КОНСУЛТАНТ ВО СКОПЈЕ, ПРОДАВНИЦА ЗА ПАРИ - ИЛИНДЕН

ФД M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити.

Финансиско друшто М КЕШ Македонија е финансиска институција, дел од Management Financial Group (MFG), која обезбедува потрошувачки кредити во  Бугарија, Романија, Полска, Чешка и Македонија.

Тимот на компанијата вклучува млади, креативни и амбициозни вработени со основна цел да развие ефикасна, ефективна, динамична и модерна работна средина.

Во интерес на  проширување на активностите на компанијата, сакаме да вработиме амбициозен, исполнителен и одговорен вработен на позиција:

 

КРЕДИТЕН КОНСУЛТАНТ ВО СКОПЈЕ, ПРОДАВНИЦА ЗА ПАРИ - ИЛИНДЕН

 

Доколку:

• Сакате да работите во финансиска институција со сигурен приход и можност за обука и развој;

• Имате искуство или сакате да стекнете искуство во областа на продажбата;

• Барате сериозна и одговорна компанија која ќе ви понуди атрактивна работна атмосфера;

• Сакате да контактирате со нови луѓе и да воспоставите долгорочни односи со различни типови на клиенти.

 

Ова е твојата нова можност! Бидете дел од нашиот тим!

 

Од вас очекуваме:

• Остварување на продажби во однос на индивидуалните и тимските месечни цели;

• Развој и одржување на база на клиенти на локацијата;

• Подготовка за периодично известување;

• Стручна и љубезна услуга на купувачи;

• Добри компјутерски вештини;

• Аналитичко размислување и вештини за приоретизирање на задачите;

• Вештини за тимска работа.

 

Ние нудиме:

• Компетитивна фиксна плата и бонуси за работа;

• Приватно здравствено осигурување за сите вработени,

•Редовни внатрешни и надворешни обуки,

•Пријателска работна атмосфера,

•Динамична и одговорна работа во Компанија со постојан раст,

•Работа со фантастичен тим од професионалци и индивидуалци, кои веруваат во интегритет, тимска работа и отворена комуникација,

•Тим билдинг и други активности кои допринесуваат за сплотувањена тимот и засилување на тимскиот дух,

•Учество во општествено одговорни активности

 

Ако сметате дека одговарате на нашите барања, а ние на Вашите очекувања, Ве молиме доставете ја Вашата детална биографија со актуелна слика на нашата електронска адреса careers@mcash.mk.

Ние гарантираме доверливост на сите апликации за работа и ќе ги исконтактираме само одобрените кандидати во потесниот круг на избор.

Job image

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

  • Град Скопје
  • Краен рок 20.07.2024
  • Референца #Специјалист за човечки ресурси

Финансиско друштво M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити.

Финансиско друштво М КЕШ Македонија е финансиска институција, дел е од Management Financial Group (MFG), која обезбедува финансиски услуги во Бугарија,Украина, Романија,Полска,Чешка и Македонија.

Како резултат на брзата експанзија како преку онлајн услугите така и преку директната услуга во Продавниците за пари и одржување на позицијата лидери на пазарот, ФД М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје има потреба од надополнување на тимот на позиција Специјалист за човечки ресурси.

 

Опис на работни задачи:

- Административна подршка на одделот

- Изготвување и водење на целокупна документација за човечки ресурси ( договори за вработување, потврди, решенија, спогодби, анекси и сл. )

- Соодветно архивирање на целокупната документација поврзана со вработените

- Постојано ажурирање на податоците за вработените во сите бази и евиденции

- Водење и ажурирање на досие за секој вработен

- Следење и водење на евиденција за редовност на вработени

- Пријава и одјава на вработени

- Објава на оглас за вработување, селекција на кандидати, закажување и одржување на интервјуа

- Проактивно работење и споделување идеи и стратегии за мотивација на вработени,

- Планира, раководи, развива, координира и имплементира политики, процеси, обуки, иницијативи и анкети за поддршка на организациските и стратешките потреби

- Останати работни задачи од делокругот на своето работно место согласно укажаната моментална потреба, по налог на Претпоставениот или Работодавачот.

 

Потребни квалификации:

- Високо образование

- Познавање на Microsoft Office

- Високо ниво на техничка спремност

- Искуство со работење во Пантеон софтвер ќе се смета за предност

- Задолжително искуство во различни HR функции

- Познавање на Англиски јазик

- Високо ниво на интегритет и доверливост

- Способност за работа во тим

- Посветеност и одговорност кон задачите и работата

- Можност за извршување на задачи во куси рокови и справување со работа под притисок

- Одлични организаторски и комуникациски способности

 

Ние нудиме:

- Компетитивна плата

- Приватно здравствено осигурување

- Пријателска работна атмосфера

- Динамична и одговорна работа со постојан раст

- Работа со тим од професионалци и индивидулаци,кои веруваат во интегритет,тимска работа и отворена комуникација

- Можност за внатрешни и надворешни обуки за усовршување во областа

- Можност за континуиран кариерен развој

- Ваучер за склучен брак

- Ваучер за раѓање дете

- Слободен ден за прваче

- Училишен сет за децата на вработените

 

Испратете го вашето CV или мотивационо писмо на careers@mcash.mk