М Брокер
За Нас
М БРОКЕР е акционерско друштво основано во 2022 година, со основна дејност за вршење на осигурително брокерски работи, која дејност ќе ја врши на територија на цела Северна Македонија.
Сопственик на М Брокер е групацијата MFG Bulgaria, кој нуди небанкарски финансиски услуги во Централна и Источна Европа. Компанијата постои повеќе од 14 години и има над 8300 вработени и соработници во повеќе од 490 канцеларии се грижат за нашите клиенти во Бугарија, Украина, Романија, Полска и Македонија.
Видови Осигурувања
- Осигурување на имот
- Осигурување на возила
- Осигурување на лица
- Приватно здравствено осигурување
- Осигурување од одговорност
- Животно осигурување
Најчесто поставувани прашања
Што е полиса?
Полиса е пишан документ (хартија од вредност) со кој се потврдува договорот за осигурување.
Што е премија?
Премија претставува износ кој го плаќа договорувачот врз основа на договорот за осигурување
Што е осигуреник?
Осигуреник е лице чиј движен или недвижен имот се осигурува
Што е франшиза?
Франшиза е задолжително учество во секоја штета
Што е каренца?
Каренца е временскиот период од потпишување на полисата до моментот на почнување на важноста, во кој што осигурувачот нема обврска да ја надоместува штетата
М ПРОТЕКТ
Осигурување од незгода М ПРОТЕКТ Премија: | Мини 800 ден. | Макси 1000 ден. |
Опфатени ризици: | Осигурена сума: | Осигурена сума: |
Смрт како последица на несреќен случај - незгода | 20,000 | 20,000 |
Траен инвалидитет во случај на незгода | 30,000 | 50,000 |
Трошоци за лекување во случај на незгода | 10,000 | 12,000 |
Исплата на главница од долг од кредит во случај на смрт од незгода | 16,000 | 20,000 |
Погледни ги тука општите услови за специјално креираниот продукт М Протект
Погледни ја тука содржината на продуктот М Протект
За да дознаете повеќе за услугите кои ги нудиме и за специјално креираниот продукт М Протект, можете да се поврзете со нас на 13 388