27.06.2025

Oд срце за срце – Детска радост во Ресен

news article image

Под слоганот „Од срце за срце“, М Кеш во јуни се реализираше уште една топла и исполнувачка акција, овојпат насочена кон најмалите – дечињата од предучилишна возраст во детската градинка во Ресен.

Со силна верба дека секое дете заслужува еднаква можност и да учи и да твори и да сонува, подготвивме 30 пакетчиња, внимателно одбрани и креирани од М Кеш тимот за да разбудат креативност и детска љубопитност. Во секој пакет се најдоа боичкимоливчиња, тетратки, боенки, но и неколку мали изненадувања кои будат игра и смеа –Дино метро за мерење, јо-јо и фризби.

Нашите вработени лично ги доставија пакетите – со љубов, внимание и искрена порака: „Вашите соништа се важни.“ Приемот беше топол, полн со насмевки и возбуда. Детските рачиња ги гушкаа боенките, додека очите им светеа од радост. 

„Ќе нацртам срце за вас,“ ни рече едно девојче. И тоа ни беше доволно. Тоа е моментот кога знаеш дека си направил нешто навистина вредно.

 Децата не бараат многу – само можност да бидат забележани, охрабрени и сакани. Понекогаш, најсилната порака се крие во нешта што за возрасните се мали, а за дете – целиот свет.

Во М Кеш веруваме дека секоја инвестиција во децата е инвестиција во подобро утре.
Боичките ќе се потрошат, тетратките ќе се наполнат, но чувството дека некој се сетил – тоа останува. И токму таа топлина што ќе ја подариш на дете, се враќа како светлина во иднината.

 

Ask a question Постави прашање