Општи услови promotion

Општи услови на промотивната кампања „ Ловци на Попусти(Црн Петок) “ на

Финансиско друштво М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје

Во период од 10.11.2025 година – 27.11.2025 година

 

     I.            Организатор на промоцијата

 

1.    Организатор на промотивната кампања „Ловци на Попусти(Црн Петок)“ е Финансиско друштво М КЕШ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје со регистрирано седиште на ул. Пајак бр. 9, 1000 Скопје, Република Северна Македонија, со ЕМБС 6992960, регистрирано во Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица кој се води во рамки на Централниот регистар на Република Северна Македонија, со електронска адреса: [email protected], телефон: 00 389 2 51 15 000 („М КЕШ“ или „Компанијата“).

 

2.    М КЕШ е запишан како финансиско друштво во Регистарот на финансиските друштва кој се води од страна на Министерство за финансии на Република Северна Македонија согласно Решение бр. 12 – 27558/4 од 30.10.2014 година за вршење на дејност за одобрување на потрошувачки кредити.

 

 

  II.            Времетраење и опис на промоцијата

 

3.      Периодот во кој промотивната кампања „Ловци на Попусти(Црн Петок)“ ќе биде активна започнува со ден 10.11.2025 година и ќе трае заклучно со 27.11.2025 година, освен доколку не настанат промени во согласност со овие Општи правила и услови. Ден 27.11.2025 година е последниот ден во кој заинтересираните лица можат да бидат дел од промоцијата и е обврзувачки за Компанијата.

4.      Со учеството во Промоцијата, секој учесник има можност да освои подарок, согласно условите од овие Општи правила.

 

III.            Територијално покривање

5.      Промоцијата ќе биде спроведена на територија на Република Северна Македонија.

 

IV.            Право на учество во промоцијата

 

6 .  а) Право на учество во Промоцијата стекнува секое полнолетно и деловно способно физичко лице кое, со доброволно пополнување на електронскиот формулар достапен на лендинг-страницата Promotion | М Кеш, ги внесува бараните лични податоци (минимум: Име, Презиме, Телефонски број и/или Е-маил адреса).

б) Да даде изречна согласност за обработка на неговите лични податоци за целите на учество во оваа Промоција, со штиклирање на соодветното поле на лендинг-страницата. Исклучок се лицата наведени подолу во точка 7. Промоцијата НЕ е поврзана ниту зависна со аплицирање за кредит, или со користење на било кој производ или услуга обезбедена од страна на М КЕШ.

7.      Немаат право на учество во Промоцијата следните категории на лица:

-          Членови на органот на управување, сопственици на компанијата, како и нивните роднини по директна линија или лица кои живеат во де факто соживот со нив;

-          Вработени во компанијата и нивните роднини по директна линија;

-          При предавање на подароците на оние лица кои ќе добијат еден од трите подароци во точка 11 од овие Општи услови, секој од нив ќе потпише специјална изјава дека тој/таа не подлежи на ограничувањата за учество наведени во клаузулата во точка 7 од Општите услови.

8.      Со запознавањето на овие Општи услови, лицето се смета за информирано дека неговите/нејзините иницијали - првата буква од неговото/нејзиното име и презиме, ќе бидат објавени на https://www.mcash.mk/ . Усогласеноста со овие Општи правила и услови ќе значи и обработка на горенаведените лични податоци со цел спроведување на Промоцијата и објавување на лицето кое ќе добие подарок.

9.      Секој учесник мора да има постојана и/или сегашна адреса на територијата на Република СевернаМакедонија.

10.  За да учествувате во промоцијата, потребно е еднаш да ги оставите вашите податоци на веб страната. Оставањето на вашите податоци повеќе од еднаш, не ја зголемува можноста за добивање на подарок.

 

  V.            ПОДАРОЦИ ОД ПРОМОЦИЈАТА

11.  Вкупниот фонд на подароци во оваа промоција ,,Ловци на Попусти(Црн Петок)“ изнесува 15.000,00 денари (петнаесет илјади денари). Подароците се состојат од (три) поединечни парични износи, секоја во вредност од 5.000,00 денари (пет илјади денари). Подароците не можат да се заменат за друг вид на подарок.

 

12.  Извлекувањето на подароците ќе се врши по случаен електронски избор од базата на сите учесници кои ги исполнуваат условите за учество во промоцијата од точка 6 на овие Општи услови.

Ќе се одржат вкупно 3 (три) извлекувања, по едно секој петок во текот на промотивниот период и веднаш по неговото завршување. Датумите на извлекување се:

* Прво извлекување: 14.11.2025 година (петок)

* Второ извлекување: 21.11.2025 година (петок)

* Трето извлекување: 28.11.2025 година (петок)

Во секое од трите извлекувања ќе се извлече по 1 (еден) добитник на паричен подарок во износ од 5.000,00 денари.

13.  Лицата ќе бидат извлечени по случаен избор и нивните имиња (иницијали) ќе бидат објавени истиот ден кога ќе бидат објавени на веб-страницата на организаторот: www.mcash.mk .

14. Секое од извлечените лица за подарок, ќе биде дополнително контактирано од страна на претставници на М КЕШ на телефонскиот број за контакт кој тој го има доставено при учеството во Промоцијата, со цел да биде известено за добиениот подарок.

15. Секој од учесниците може да освои само еден од горенаведените подароци.

16. Лицето ќе биде контактирано од страна на претставник на организаторот за да биде известен за добиениот подарок на телефонскиот број кој тој го дал.

17. Во случај претставникот на М КЕШ да не успее да го контактира лицето во рок од 30 дена од денот на извлекување на подарокот, подарокот останува сопственост на М КЕШ, а лицето го губи правото да го добие.

18.  Во случај да лицето не се појави на датумот, времето и местото утврдени од страна на М КЕШ за доделување на подарокот или да не ги обезбеди документите потребни утврдени со закон, тој го губи своето право да го добие подарокот. Во овој случај, М КЕШ спроведува ново извлекување за да одреди нов добитник на ден, време и место објавени дополнително од страна на М КЕШ.

19.  М КЕШ го задржува правото да го одложи или откаже предавањето на подарокот во случај на сомневање за постоење или утврдување на околности кои го исклучуваат правото на извлеченото лице да го добие подарокот, додека не се разјаснат околностите.

 

VI.            РЕКЛАМИРАЊЕ НА ПРОМОЦИЈАТА 

 

20.  Овие Општи правила и услови ќе бидат јавно објавени и достапни на веб-страницата на М КЕШ на https://mcash.mk/opshti-uslovi-promotion, каде што секој заинтересиран треба да се запознае со нив. 

21.  Од добитникот на подарок во Промоцијата може да се побара да учествува во промотивни настани, рекламирање во медиумите, како и да биде фотографиран. Победникот има право да одбие, а неговото одбивање нема да доведе до губење на неговото право да го добие подарокот или друго право според овие Општи правила и услови.  

 

VII.            ГУБЕЊЕ НА ПРАВО ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОМОЦИЈАТА 

22.  Секој од учесниците е одговорен за точноста на податоците обезбедени од нив во врска со нивното учество во промоцијата. Организаторот има право да го лиши секое лице од учество во Промоцијата во случај на прекршување на било кој од условите на Промоцијата или кој се обидува да добие награда со измама или давање на лажни податоци.

 

VIII. ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ 

23.  Промоцијата се одржува во согласност со Законот за заштита на личните податоци. За целите на спроведување на промоцијата, одредување на лицата кои ќе добијат подарок и обезбедување на подарокот, потребно е да се обработат личните податоци на учесниците. Контролор на лични податоци е ФД М КЕШ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје. Пристап до податоците на учесниците ќе им биде даден на лицата кои се директно одговорни за спроведувањето на оваа промоција. Учесниците можат во секое време да побараат пристап до, корекција, бришење, ограничување на обработката на лични податоци обработени од страна на М КЕШ, како и да имаат право на преносливост на податоците. Тие можат да ја повлечат својата согласност за обработка на горенаведените податоци во секое време. Сите овие права може да се остварат со поднесување на барање на следната емаил адреса [email protected]. .

24.  Што се однесува до учеството во Промоцијата, лицата треба да го дадат своето име, презиме и телефонски број за да ги контактираат. Лицата кои оставиле свои податоци, во промоцијата на https://www.mcash.mk/promotsia ќе добијат повик од претставник на М КЕШ на телефонскиот број што го дале, со цел да се потврдат дадените информации. Со давање на согласност за маркетинг цели лицето можно е да биде контактиран за производите и услугите што ги нуди М КЕШ без да мора да биде обврзан за нивната употреба. М КЕШ ги обработува личните податоци во согласност со македонското законодавство.

 

VIII.            ПРЕКИН НА ПРОМОЦИЈАТА  

25.  Организаторот има неотповикливо право да ја прекине Промоцијата во секое време, со објавување на веб страната на М КЕШ.

 

IX.            ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ 

26.  Организаторот го задржува правото, по своја дискреција, да ги измени и дополни овие Општи правила и услови, и за таа цел промените треба да бидат објавени и достапни за сите корисници во согласност со Дел VI. Рекламирање на промоцијата. Организаторот го задржува правото да во секое време да изврши корекција на технички грешки во овој текст, и истиот не сноси никаква одговорност кон било кое лице за направена техничка греша.

Ask a question Постави прашање