PROMO OU

ПРАВИЛА НА НАГРАДНА ИГРА

11 години М КЕШ – 11 пати повеќе причини за радост!

 

Согласно член 125 и 126 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри (Службен Весник на Република Македонија број 24/2011, 51/2011, 132/2011, 148/2011, 74/2012, 171/2012, 27/2014, 139/2014, 156/2014, 61/2015, 154/2015, 23/2016, 178/2016, 90/2017, 251/2022) се утврдуваат следните правила на наградната игра:

 

ОРГАНИЗАТОР

 

Член 1

Организатор на наградната игра „ 11 години М КЕШ – 11 пати повеќе причини за радост! („Наградна игра”) е Финансиско друштво М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје, со регистрирано седиште на ул. Пајак бр. 9, 1000 Скопје, со ЕМБС 6992960 („Организатор”), а во согласност со овие официјални правила на Наградната игра („Официјални правила“).

 

ЦЕЛ НА НАГРАДНАТА ИГРА

 

Член 2

 

Наградната игра има за цел рекламирање на производите и услугите кои ги нуди Организаторот.

 

 

ОФИЦИЈАЛНО ИМЕ И ОПИС НА НАГРАДНАТА ИГРА

 

Член 3

Официјалното име на Наградната игра е „11 години М КЕШ – 11 пати повеќе причини за радост!“.

 

Наградната игра се организира за сите корисници на кредит врз основа на склучен договор за кредит со Организаторот, на територијата на Република Северна Македонија.

 

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

 

Член 4

Наградната игра се однесува на периодот сметано од 16.03.2026 година до 30.05.2026 година при што на ден 30.05.2026 година учествуваат само кредитите издадени до 14:00 часот. Во наградната игра ќе влезат сите кредити издадени во периодот на наградната игра. Наградната игра е со вкупен награден фонд од 221.000 денари, која што ќе се одвива во 11 (единаесет) кола, на начин што првите 10 кола ќе се доделува износ од 11.000 денари, а во последното 11 то коло ќе се додели главната награда во износ од 111.000,00 денари.

 

 ПРОИЗВОДИ КОИ СЕ ДЕЛ ОД НАГРАДНАТА ИГРА

 

Член 5

Во Наградната игра ќе учествуваат производите кои Организаторот ги нуди на територија на Република Северна Македонија.

 

ПРАВО НА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА

 

Член 6

Право на учество во Наградната игра имаат сите полнолетни физички лица – државјани на Република Северна Македонија, кои ќе имаат склучено договор за кредит со Организаторот во периодот од 16.03.2026 година до 30.05.2026 година, при што на ден 30.05.2026 година учествуваат само кредитите издадени до 14:00 часот. („Учесник“);

 

Секој корисник на кредит кој ќе склучи договор за кредит со Организаторот во периодот од 16.03.2026 година до 30.05.2026 година, и ја дал својата согласност да учествува во наградната игра на Организаторот, автоматски се стекнува со право на учество во наградната игра;

 

Склучениот договор за кредит претставува потврда врз основа на која Учесникот се стекнува со право на учество во Наградната игра. Организаторот определува системски број на секој склучен договор за кредит(уникатен код) и при извлекувањето добитникот ќе биде извлечен по бројот на склучениот договор.

 

 МЕХАНИЗАМ ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА

 

Член 7

Наградната игра ќе се спроведува по механизам за учество на начин што еден склучен договор за кредит со Организаторот претставува една шанса за извлекување, односно секој склучен договор за кредит во периодот за кој се спроведува Наградната игра носи по една шанса за извлекување.

 

ФОНД НА НАГРАДИ ОД НАГРАДНАТА ИГРА

 

Член 8

Вкупниот број на награди е 11 (единаесет), а вкупната вредност на наградниот фонд е 221,000,00 денари.

 

Наградите кои ќе бидат доделени во Наградната игра се ограничени и нема да бидат доделени повеќе награди од оние кои се определени со правилата на Наградната игра.

 

 ВРЕДНОСТ И ОПИС НА НАГРАДИТЕ

 

Член 9

 

Во Наградната игра ќе бидат доделени следните награди:

 

Парична награда во висина од 11.000,00 денари - 10 добитници

Парична награда(главна награда) во висина од 111.000,00 денари – 1 добитник

 

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА

 

Член 10

Услов за учество во Наградната игра е потпишан договор за кредит од Учесникот и Организаторот, склучен во периодот од 16.03.2026 година до 30.05.2026 година, при што на ден 30.05.2026 година учествуваат само кредитите издадени до 14:00 часот;

 

Учесниците имаат право на учество во Наградната игра единствено доколку ги почитуваат Правилата на Наградната игра.

 

 

 

ДАНОЦИ, РАЗМЕНА И ОДГОВОРНОСТ КОН НАГРАДАТА

 

Член 11

Организаторот е одговорен за пресметка и плаќање на данокот на личен доход согласно Законот за данокот на личен доход;

 

Наградата не може да се размени за друг вид на надоместок;

 

Организаторот нема никаква одговорност која може да произлезе од користењето на наградата, како и плаќање на штети поврзани со нејзиното користење.

 

 

 ОТКАЖУВАЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА 

Член 12

Организаторот има право да ја откаже Наградната игра во било која фаза, со поднесување на образложено барање за повлекувањето и по добивање на одобрение од Министерството за финансии, со известување до јавноста преку дневен печат, доколку настапи штетна последица предизвикана поради виша сила.

 

 

 КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

 

Член 13

Организаторот во целост ќе ги почитува одредбите од Законот за заштита на личните податоци и во текот на траењето на Наградната игра ќе го почитува правото на заштита на личните податоци на учесниците во Наградната игра;

 

Организаторот има право личните податоци на добитниците да ги користи во своите идни маркетинг активности по претходно добиена писмена согласност од страна на добитникот за користење на неговите лични податоци, а во согласност со Правилата на Наградната игра;

Со самото учество во Наградната игра, учесникот се согласува доколку биде извлечен за наградата неговите лични податоци да бидат јавно објавени и да бидат обработувани за маркетинг цели, со дополнителна согласност Организаторот да врши фотографирање и снимање при доделување на наградата, и да биде вршено емитување на видео снимки и објавување на фотографии од ликот и местото на доделување на наградата и тоа на веб страната на Организаторот, телевизија, интернет и други електронски средства за времетраењето на наградната игра, при објавување и доделување на наградите и по завршување на Наградната игра.

 

 ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ

 

Член 14

Извлекувањето на наградите ќе се врши на адресата на регистрираното седиште на Друштвото со адреса на ул. Пајак бр. 9, 1000 Скопје и тоа:

 

-          Прво коло на 20.03.2026 година во 12:00 часот на кое ќе биде извлечен 1 добитник на парична награда во висина од 11.000,00 денари кој има аплицирано за периодот од 16.03.2026 година до19.03.2026 година до 19:00 часот;

-          Второ коло на 27.03.2026 година во 12:00 часот на кое ќе биде извлечен 1 добитник на парична награда во висина од 11.000,00 денари кој има аплицирано за периодот од 16.03.2026 година до 26.03.2026 година до 19:00 часот;

-          Трето коло на 03.04.2026 година во 12:00 часот на кое ќе биде извлечен 1 добитник на парична награда во висина од 11.000,00 денари кој има аплицирано за периодот од 16.03.2026 година до 02.04.2026 година до 19:00 часот;

-          Четврто коло на 10.04.2026 година во 12:00 часот на кое ќе биде извлечен 1 добитник на парична награда во висина од 11.000,00 денари кој има аплицирано за периодот од 16.03.2026 година до 09.04.2026 година до 19:00 часот;

-          Петто коло на 17.04.2026 година во 12:00 часот на кое ќе биде извлечен 1 добитник на парична награда во висина од 11.000,00 денари кој има аплицирано за периодот од 16.03.2026 година до 16.04.2026 година до 19:00 часот;

-          Шесто коло на 24.04.2026 година во 12:00 часот на кое ќе биде извлечен 1 добитник на парична награда во висина од 11.000,00 денари кој има аплицирано за периодот од 16.03.2026 година до 23.04.2026 година до 19:00 часот;

-          Седмо коло на 30.04.2026 година во 12:00 часот на кое ќе биде извлечен 1 добитник на парична награда во висина од 11.000,00 денари кој има аплицирано за периодот од 16.03.2026 година до 29.04.2026 година до 19:00 часот;

-          Осмо коло на 08.05.2026 година во 12:00 часот на кое ќе биде извлечен 1 добитник на парична награда во висина од 11.000,00 денари кој има аплицирано за периодот од 16.03.2026 година до 07.05.2026 година до 19:00 часот;

-          Деветто коло на 15.05.2026 година во 12:00 часот на кое ќе биде извлечен 1 добитник на парична награда во висина од 11.000,00 денари кој има аплицирано за периодот од 16.03.2026 година до 14.05.2026 година до 19:00 часот;

-          Десетто коло на 22.05.2026 година во 12:00 часот на кое ќе биде извлечен 1 добитник на парична награда во висина од 11.000,00 денари кој има аплицирано за периодот од 16.03.2026 година до 21.05.2026 година до 19:00 часот.

-          Единаесто коло на 01.06.2026 година во 12:00 часот на кое ќе биде извлечен 1 добитник на парична награда во висина од 111.000,00 денари кој има аплицирано за периодот од 16.03.2026 година до 30.05.2026 година, при што на ден 30.05.2026 година учествуваат само кредитите издадени до 14:00 часот.

Извлекувањето ќе се врши по случаен избор, преку софтверска програма на сите склучени договори со право на учество во Наградната игра;

При извлекувањето, ќе бидат користени броевите на договорите кои Организаторот системски ги определува за секој договор, а нема да бидат користени останатите податоци на учесниците;

 

Извлекувањето на наградите  ќе се врши во присуство на комисија која ќе биде составена од три члена и тоа:

 

*Претставник од органот на управување на Организаторот;

*Претставник од административниот сектор на Организаторот; и

*Надворешен соработник;

 

На извлекувањата за наградите ќе бидат извлечени 11 добитници на награди и 11 резервни добитника. Доколку се појави пречка за доделување на наградата, наградата ќе се додели на резервниот добитник.

 

Наградите ќе бидат исплатени на трансакциска сметка на добитниците, по претходна идентификација и доставување на потребните податоци од страна на добитниците.

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

 

Член 15

Списокот на добитници ќе биде објавен во рок од 3 (три) дена од денот на секое од извлекувањата, на веб – страната на Организаторот www.mcash.mk како и на официјалната Фејсбук страна на Организаторот.

 

ПОДИГНУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ

Член 16

Добитникот на наградата има право во рок од 30 (триесет) дена од објавувањето на списокот на добитникот на веб – страната и фејсбук страната на Организаторот да ја прифати наградата;

 

Доколку организаторот поради недостапност на добитникот или поради друга спреченоста на добитникот не може да изврши достава на наградата, или пак доколку добитникот одбива да ја прими наградата на адресата на која му се доставува, наградата може да ја подигне во рокот од став 1 на овој член во седиштето на организаторот;

 

Легитимирањето на добитникот при доставување на наградата ќе се врши со приложување на лична карта и увид во истата од страна на претставници на Организаторот;

 

Организаторот на Наградната игра е должен да му достави на добитникот на наградата примерок од пресметката за аконтација на данокот како и податок за платена аконтација;

 

Со конечната реализација на наградите престануваат сите обврски на Организаторот на наградната игра спрема добитникот.

 

ЗАПОЗНАВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ СО ПРАВИЛАТА НА НАГРАДНАТА ИГРА

 

Член 17

Правилата на Наградната игра во целост ќе бидат објавени на веб – страната на Организаторот, www.mcash.mk, по добивањето на дозволата за организирање на наградна игра од Министерството за финансии на Република Северна Македонија, а пред почетокот на Наградната игра.

 

ПРАВО НА ПРИГОВОР

 

Член 18

Незадоволниот учесник во Наградната игра има право да вложи приговор во рок од 3 (три) дена по објавувањето на списокот на добитници на веб – страната, во писмена форма до Организаторот на Наградната игра, кој е должен да одговори на приговорот во рок од 3 (три) дена по приемот на приговорот;

 

Во случај на спор помеѓу Организаторот и учесниците во Наградната игра надлежен е Основниот граѓански суд во Скопје.

 

ЗАБРАНА ЗА УЧЕСТВО

 

Член 19

Во Наградната игра немаат право на учество лица вработени во Финансиско друштво М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје и во правните лица кои учествуваат во организирање на Наградната игра, вклучувајќи ги и членовите на нивните потесни семејства и тоа: родител, дете, брат, сестра и брачен другар.

 

ДРУГИ ИЗВЕСТУВАЊА ЗА НАГРАДНАТА ИГРА

 

Член 20

За известување за Наградната игра ќе бидат користени ТВ спотови, радио пораки и реклами, билборди, постери, огласи во печатени медиуми, интернет огласување, промоција преку социјални мрежи, настани, соопштенија, изјави и други промотивни активности.

 

ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

 

Член 21

Со исполнување на Правилата на наградната игра, учесниците ги прифаќаат одредбите од овие правила. Овие правила ќе се применуваат по добивањето на дозволата од Министерството за финансии на Република Северна Македонија и по нивното објавување.

 

Скопје, 18.02.2026 година

 

М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје

 

___________________________

Управител Станислав Љубенов Башов

Ask a question Постави прашање