ОД СРЦЕ, ЗА СРЦЕ

Во М КЕШ веруваме во моќта на хуманоста. Затоа ја создадовме иницијативата „Од срце за срце“ – мисија со која носиме надеж и поддршка таму каде што најмногу недостигаат.
Нашите вработени се срцето на оваа иницијатива – тие донираат време, идеи и енергија. Преку лична вклученост и соработка со локални организации,
делуваме таму каде што секој гест значи многу, помагаме на најзагрозените семејства, поединци и институции.
Волонтираме, донираме и споделуваме приказни што вреди да се слушнат.
Со транспарентност и искрена грижа, покажуваме дека солидарноста прави разлика.
„Од срце за срце“ не е само акција – туку начин на живеење.
А, доколку познаваш некој што има потреба од поддршка, сподели ја неговата приказна со нас.
ОД СРЦЕ, ЗА СРЦЕ НОВОСТИ!
Од срце за срце – Нов живот и нова боја за училишниот двор во „ООУ Драслајца- Ст...
Со боја, четки и љубов во срцата, ги освеживме и заживеавме старите клупи кои до вчера беа избледени и незабележани.
Прославуваме деценија успех – Благодариме што сте со нас!
Со голема гордост ја започнавме нашата иницијатива „Од срце, за срце“ токму со оние што секојдневно ја носат хуманоста во срцето – нашите вработени.